Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
2Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
БалканВучиќ најави посета на САД во почетокот на мај: Можеби ќе разговарам со Трамп два или три пати„Верувам дека ќе се сретнам со сите поистакнати републиканци. Мислам дека ќе имам можност да разговарам со претседателот Трамп најмалку два или три пати за два или три дена“, рече Вучиќ.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека во почетокот на мај ќе биде во САД дека ќе се сретне со „сите најистакнати“ членови на владејачката Републиканска партија и верува оти ќе има можност да разговара два или три пати со претседателот Доналд Трамп, јави допписникот на МИА од Белград. Во изјава за ТВ Информер тој нагаси дека добил покана да присуствува на состанокот на Републиканскиот национален комитет во почетокот на мај и дека има „конечна потврда“ за средби „со сите важни републиканци“. „Верувам дека ќе се сретнам со сите поистакнати републиканци. Мислам дека ќе имам можност да разговарам со претседателот Трамп најмалку два или три пати за два или три дена“, рече Вучиќ. На прашањето дали ќе стане првиот српски лидер кој ќе се сретне со лидерите на САД и Русија за една недела, бидејќи оди во Москва на 9 мај, Вучиќ рече дека „нема конечна потврда“ за средбата со Трамп. Вучиќ, исто така, рече дека „има идеја“ да организира „глобален форум со различни теми“ во Белград следната година, за што ќе побара поддршка од водечките светски лидери. „Ќе побарам поддршка од претседателот Трамп и неговиот син Доналд Трамп помладиот и од претседателот (на Русија Владимир) Путин. Би сакал форумот да се одржи помеѓу март и мај, ќе ги замолам големите лидери да ми помогнат да го организирам, а потоа ќе разговарам со други лидери“, рече Вучиќ. Тој додаде дека Белград е „единствениот град“ кој би можел да биде домаќин и на Путин и на Трамп следната година, како и на италијанската премиерка Џорџа Мелони и идниот германски канцелар Фридрих Мерц, „бидејќи никој друг не е во можност да го стори тоа“. Претседателот Вучиќ најави дека на 15 септември, Денот на српското единство, слободата и националното знаме, ќе се одржи голема воена парада. „Ќе биде убедливо најголемото во историјата на Западен Балкан. Многу пати поголемо, побогато и поскапо отколку што беше последниот пат кога покажавме нешто слично.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 17. август 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 17. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чивајте се од провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉуљзим Фаризи во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љуљзим Фаризи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook