Вучиќ-Мицотакис: Разговори и за осовременување на линијата Белград-Солун преку Македонија - Канал 5

Вучиќ-Мицотакис: Разговори и за осовременување на линијата Белград-Солун преку Македонија

Разговори и за осовременување на линијата Белград-Солун преку Македонија и коридорот Пиреј-Будимпешта.

Вучиќ-Мицотакис: Разговори и за осовременување на линијата Белград-Солун преку Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Белград разговарале за соработката во енергетскиот сектор, енергетиката, нафтоводите, гасоводи, набавка на гас, обновливи извори на енергија, ветерни електрани, соработка меѓу електростопанствата од двете земји, за транспортото и инфраструктурата.

-Србија под покровителство на ЕУ ја гради брзата пруга Белград-Ниш, реконструкцијата на делницата кон Брестовац штотуку се завршува и ќе завршуваме се до границата со Македонија. Премеирот Мицотакис ме информираше дека Грција работи и ќе ја заврши брзата пруга до Игуменица и до границата со Македонија и за овој проект нашите министри имаа добри разговори, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека ова е важно поради тоа што Србија треба да има пристаниште поради извозот кој се зголемува, да ги користи капацитетите на Солун и Пиреј и да купи дел од луката.

Мицотакис посочи дека со претседателот на Србија разговарал за модернизација на пругата што ги поврзува Солун и Белград, како и за довршување на коридорот што ќе почнува од Пиреј, а ќе завршува во Будимпешта.

- Тоа е од стратешко значење не само за нашата земја, туку и за цела Југоисточна Европа. Во оваа смисла мора да ги искористиме и европските фондови кои се наменети за Западен Балкан. Во таа смисла, Грција го поттикнува практичното учество на ЕУ во развојот на инфраструктурата на Србија и на сите други земји на полуостровот, нагласи Мицотакис.

Премиерот на Грција посочи дека соработката меѓу Грција и Србија се протега и на енергетскиот сектор, безбедноста и диверзификацијата на снабдувањето, и додаде да „го поддржува вертикалниот транспорт на гас од југ кон север и обратно“.

Вучиќ истакна дека со Мицотакис разговарал и за европскиот пат и дека „разбира дека во Европа не се секогаш задоволни со сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат дека и ние очекуваме јасни сигнали за поддршка на Србија на нејзиниот пат“.

Грчкиот премиер кажа дека заедничката билатерална соработка меѓу Србија и Грција има стратешки карактер и ја повтори подршката за територијалниот интегритет на Србија и непризнавањето на Косово, како и приклучувањето на целиот Западен Балкан во ЕУ кое за Грција има стратешко значење и цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полициски службеници пред два дена запреле возило„ауди“, управувано од 35-годишник од село Бучим, за кого претходно била изречена мерка на претпазливост –за кривично дело поврзано со неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.. При прегледот на возилото возачот не приложил доказ за нивното потекло. По насоки на Јавното овнителство, осомничениот бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор, а потоа бил спроведен во „Затворот Скопје“.

Тој се сомничи за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарци

Стравот од комарците ги празни рафтовите со репеленти и спрејови против инсекти во скопските аптеки. 

Граѓаните сериозно ги сфаќаат препораките, зголемена потрошувачка на средствата против комарци

Дел од фармацевтите за Канал 5 потврдуваат дека средствата за заштита периодов се продаваат како алва. Граѓаните велат дека по комарниците на прозорците и вратите токму спрејот е еден од поефикасните начини да се заштитат од убодите на комарците кои можат да го пренесат вирусот Западен Нил.

По вториот смртен случај, кај дел од нив е зголемена и загриженоста, но некои повеќе стравуваат за децата.

Иако кај многу мал број на луѓе оваа инфекција може да се манифестира со тешка форма, најчесто кај повозрасни луѓе со хронични болести, тоа не значи дека не може да се јави кај деца. Случаи со западно нилска треска која и кај мало предизвикала воспаление на мозокот сме имале во изминатите години, потврдуваат педијатрите.

Разликата е дека претходно Западен Нил „се увезуваше“ од странство, најчесто од Грција, а сега, инфекцијата е присутна и на наше тло.

Сите случаи на западно нилска треска кај нас се потврдени кај лица над 60 годишна возраст кои имаат коморбидитети. Досега овој вирус за една недела зеде два човечки животи, а според официјалните информации од Клиниката за инфективни болести, седум луѓе се на респиратор и се борат за живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие, и од овој момент па натаму грижата е целосно кај Водовод во Гостивар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорноста за функционирањето на водоснабдителниот систем во Гостивар е во надлежност на локалното јавно претпријатие

Институциите на централната власт, според него, презеле низа мерки за надминување на кризата со водата, а како Владата, водата ја прочистиле за неполн месец. За обвинувањата на опозицискиската СДСМ дека власта е одговорна за загадувањето на водата за пиење, Мицкоски рече дека градоначалникот на Гостивар е кадар што на последните избори бил поддржан од СДСМ.

-Јавното претпријатие има свое раководство. Раководството го поставува градоначалникот, а градоначалникот беше поддржан на вонредните избори од СДСМ. Затоа вие нема да слушнете од страна на СДСМ – одговорност од градоначалникот бидејќи тој е нивен кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност од таму каде таа одговорност ја нема туку, напротив, од страна на Владата ние дадовме се што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега, односно за помалку од 4 недели комплетно е прочистен системот, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, прашуваат зошто и по пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар досега не одговара никој од власта, а не е објавен, како што велат, ниту еден официјален извештај ниту анализа за водата во Гостивар. Го повикаа државниот обвинител Савески да постапи по кривичните пријави кои СДСМ ги поднесе.

-Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски? Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар, изјави Штерјова од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, коментирајќи го случајот со дезинформациите дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли кажа дека Владата имала информации ден претходно дека опозициски партии подготвувале обид за ширење на хистерија преку социјалните медиуми, а паралелно, за лажните вести гледа и комерцијална заднина.

- Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е мислам дека тука има и некои други, би рекол, повеќе комерцијални обиди, бидејќи за еден ден најненадејно голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви на и количини на флаширана вода, Мицкоски.

За ширењето на лажни вести за водата во Скопје досега на разговор во полициска станица се повикани повеќе од 10 лица, но МВР засега нема поднесено пријава против никого. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството од каде велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер