БалканВучиќ: Ме интересира само дали се уставни нашите закони за судствотоСрпскиот претседател Александар Вучиќ денеска се огласи по критиките од ЕУ за новиот сет закони во судството нагласувајќи дека не ги прочитал судските закони усвоени од српскиот Парламент, туку само ја проверил нивната уставност со експерти.Тој не одговори конкретно дали ќе ги потпише. „Законите мора да бидат во согласност со Уставот, и тоа е единственото нешто што ме интересира“, рече Вучиќ на презентацијата на извештајот за резултатите и анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на српските вооружени сили за 2025 година. Според него, добил уверенија од експерти дека тие се во согласност со Уставот. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, објави синоќа дека донесувањето на судските закони во српскиот Парламент, ја ограничуваат независноста на судството, и тоа е сериозен чекор назад на европскиот пат на Србија. „Во време кога процесот на проширување е во полн ек, а Црна Гора и Албанија брзо напредуваат, Србија ризикува да се движи во спротивна насока. Ова не е она што го сакаме“, напиша Кос на X. Пратениците во српскиот Парламент вчера ги усвоија измените на сет судски закони предложени од пратеникот на Српската напредна партија, Угљеша Мрдиќ кои стручната јавност остро ги критикуваше оквалификувајќи ги како „блицкриг“ против судството. Особено беше истакнато дека со донесувањето на тие судски закони, мандатот на повеќе од половина од обвинителите во Обвинителството за организиран криминал ќе заврши, а постапките што ги водат ќе бидат успорени или опструирани. Синдикатот на вработените во судството вчера ги повика судиите и обвинителите веднаш да стапат во штрајк со цел да ја одбранат независноста на судството и владеењето на правото. Тагови: Александар Вучиќ Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМаж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДобринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела. „Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB. Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди. Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена. „Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот. Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна. Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање. Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање. Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија. Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало. Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.Тагови: Берлин напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47