3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканВучиќ: Малата Данка е прегазена со автомобил и убиена, уапсени две лицаУбиена е малата Данка, објави српскиот претседател Александар Вучиќ. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја соопшти страшната вест дека двегодишната Данка Илиќ е прегазена со автомобил и убиена. - Имаме лоши вести за детето од Бор, за малата Данка Илиќ. Полицијата приведе две лица кои го извршиле убиството на малата Данка. Признале дека ја убиле. Сега ја носат полицијата таму каде што ја закопале - рече претседателот на Србија. Тој додаде дека полицијата ги носи на местото каде што е телото на детето. – Благодарам на полицијата за големиот труд и посветеност – додаде српскиот претседател. Тие двајцата на 26 март, според сопственото признание, ја убиле малата Данка. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и со голи раце го задавил детето кое лежело на патот и плачело. За жал, потрагата по исчезнатата Данко Илиќ има трагичен крај. Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот. - С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомир Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишна Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот - вели извор близок до истрагата. С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа. Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако девојчето исчезнало, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето. - С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил двегоdишната Данка и ја убил - вели извор од истрагата. Како што дознава српски „Блиц“, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ. -Данка стоела на сред пат, автомобилот урил во неа со голема брзина. Еден од осомничените излегол од автомобилот и наместо да и помогне, ја ставил во багажникот и се упатиле кон депонијата. Го однеле детето до депонијата и го фрлиле таму. Прво го закопале со ѓубре, за да не се забележува, а потоа отишле и се договориле темелно да го исчистат автомобилот со киселини и хемикалии за да се отстранат трагите од крв. Само со форензичка анализа и употреба на специјални светилки полицијата ги отркила трагите од крв. Подоцна било утврдено дека крвта е на Данка - пишува Информер. Инаку, Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот се осомничени за убиството на Данка Илиќ по која половина Европа трагаше десет дена! Според последните информации, многу брзо по исчезнувањето на малата Данка Илиќ, тие двајца биле приведени и сослушани. Тие на информативниот разговор тогаш истакнале дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето. Но, тие и биле многу сомнителни на полицијата и затоа полицијата и пожарникарите ги пребарувале и копале атарите и ги пребаруваа депониите, убедени дека ќе го најдат телото што го закопале. Клучниот момент за полицијата да ги разоткрие било објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата монтруми си рекле „Го види ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата. Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНоќеска почнува зимското сметање на времето - како промената влијае врз организмот?Македонија ноќеска преминува на зимско сметање на времето. Во 3 часот по полноќ стрелките ќе се поместат еден час наназад, односно времето повторно ќе биде 2 часот.Еден час повеќе за спиење, но и порано стемнување. Ноќеска Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките се враќаат еден час наназад, а со тоа се менува и секојдневниот ритам на граѓаните. За повеќето граѓани поместувањето на часовникот не носи значителна промена во секојдневието. Иако есенското поместување носи дополнителен час за спиење, експертите посочуваат дека на организмот му е потребно време да се приспособи. Промените може да влијаат врз квалитетот на сонот, концентрацијата и расположението, особено кај почувствителните категории граѓани. ,,Кај одредена категорија на луѓе може да се почувствува во првите неколку дена поголем замор, понамалена концентрација...Едноставно поголема поспаност во текот на денот и важно е во овој период да си дадат повеќе простор за одмор – да гледаат да ја користат попладневната дремка доколку тоа е потребно за побрзо да ја препродат промената.Кога ќе се разбудат веднаш да се изложат на дневна светлина 00:30 / 02:24 Да внимаваат на ихраната и на внесот на кофеин бидејќи колку и да се чувствуваат уморни во текот да го ограничат внесувањето на во првата половина од денот.“ Преминот кон зимско сметање на времето не носи само промени во секојдневните навики на граѓаните, туку се совпаѓа и со период на поинаква економска активност. Според анализите за сезонските потрошувачки навики, со пократките денови и подолгите вечери се менува и начинот на кој граѓаните го поминуваат слободното време Според пазарните аналитичари, пораното стемнување и поместувањето на стрелките на часовникот ги менуваат навиките на граѓаните, кои се повеќе поминуваат време дома, користејќи дигитални платформи за забава. Иако Европската Унија уште во 2019 година го поддржа укинувањето на сезонското менување на времето, иницијативата сè уште е во застој. Причината е несогласувањето меѓу земјите членки дали трајно да се задржи летното или зимското сметање на времето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСторија: Како велешанецот успевал да измами десетици жртви со т.н. кубанска вакцина против канцер?Не само од Македонија и Европа, велешанецот што на диво аплицирал т.н. кубански вакцини против канцер, имал пациенти и од преку океанот... „Татко му починал од рак, а сестра му починала млада од кардиоваскуларна болест“, затоа сакал да им помага на луѓето за лекот што го има, а не се носи во Македонија, и затоа направил напори да го донесе од Србија“, вака велешанецот убедил семејство од Скопје чиј член од семејство имал канцер. Платиле над 10 илјади евра за три дози од кубанските вакцини за што тој гарантирал дека се вистински и помагаат во целосно лекување. Роднината живеел во Америка и доаѓал во Македонија за вакцината, дури и мајката на болниот ја носела вакцината во Америка каде таа му ја аплицирала, бидејќи немало сертификат и докторите не сакале. Неговата состојба воопшто не се подобруваше само се влошуваше, а велешанецот М.А не убедуваше дека од Србија докторите рекле дека ќе се подобри, раскажува роднината. За жал нивниот роднина починал за три месеци по аплицирањето на третата вакцина. На случајна средба кога го виделе М.А им кажал дека нивниот роднина имал тешка бактерија и починал од тоа. Сведоштвата на сите блиски укажуваат дека тој многу стручно објаснувал за вакцината и верувале дека нивните блиски ќе се излекуваат од тешката болест. Сите рекоа дека и приватно ќе го тужат за измамата. Вчера, основното јавно обвинителство во Велес донесе мерки против сега осомничениот М.А. Претрес бил направен работното место на осомничениот во Велес биле пронајдени докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се електронски уреди. „Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Обвинителот предложи мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува на суд.“ Осомничениот е на болничко лекување и му врачено решението од обвинителството. Тој е осомничен дека со намера ги доведувал луѓето во заблуда лажно нудејќи кубански вакцини против рак. Во обвинителството е оформен предмет за измама и надрилекарство, за овие две дела може да се добие казна до четири години затвор и парична казна. Во Србија постојат точно две компании кои се официјално лиценцирани за увоз и соработка со кубанскиот производител, додека третманот легално се спроведува во соодветни здравствени установи. Компаниите тврдат дека никој не продавал вакцини во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТерорист во близина на Париз пукал кон детско игралиште, планирал да си го разнесе станот Во пукотницата во Трап и Ла Вериер, места западно од Париз, еден маж е убиен, а пет лица се ранети. Осомничениот пукал од автомобилот на три локации. Полицијата го уапси во блискиот Коњиер. Канцеларијата на антитерористичкиот обвинител истражува можен терористички и расистички мотив. Меѓу ранетите е и едно девојче Пукањето се случило вчера. Според министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, осомничениот пукал во бензинска пумпа, здравствен центар, детско игралиште и аптека. Пукањето траело помалку од 15 минути. Министерот рече дека осомничениот користел оружје кое изгледало како воено или барем автоматско. Меѓу ранетите е и едно 12-годишно девојче. Телевизијата BFM објави дека таа била застрелана осум пати, а градоначалникот на Ла Вериер подоцна изјави дека нејзината состојба се стабилизирала. Градоначалникот на Трап, Али Рабех, рече дека убиениот маж е од африканско потекло, а еден од ранетите е од Северна Африка. Уапсен е и член на семејството на осомничениот Полицијата го уапси осомничениот во блискиот Коњиер. Канцеларијата на антитерористичкиот обвинител го идентификуваше како 39-годишниот Кевин Т., роден во 1987 година. Член на неговото најблиско семејство, исто така, заврши во полициски притвор. Обвинителството објави дека осомничениот поставил три цилиндри со гас поврзани со жици со тајмер во станот. Истражителите сè уште не го испрашале бидејќи неговото присуство е потребно за претрес на станот. Макрон го нарече нападот расистички терористички напад. Тој рече дека жртвите биле избрани поради бојата на нивната кожа или религијата што им ја припишал напаѓачот. Рабех рече дека нападот веројатно бил исламофобично мотивиран.Тагови: Париз станот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook