БалканВучиќ ќе поднесе оставка в неделаПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата Претседател на републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение.– Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер – им изјави Вучиќ на новинарите синоќа во Њујорк. Тој додаде дека тогаш ќе ги наведе причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти за два до три дена, по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе знае повеќе за решението за прашањето за Нафтената индустрија на Србија. На новинарско прашање во Њујорк дали сега е извесна сликата кога е во прашање решението околу нафтената индустрија на Србија, Вучиќ рече дека не знае што точно да одговори, но оти се надева дека по разговорот со Путин ќе знае нешто повеќе.Тагови: Александар Вучиќ Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПочна сезоната на стомачни вирусиРасте бројот на болни од стомачен вирус, по 15 пациенти дневно пријавуваат диајреа и повраќање, а кај помалите деца и температура, објаснува доктор Атанасова Мира. Таа вели дека лабораториски потврден кај тинејџер е бока вирус. Овој вирус дава потешка слика со неколку дена поврќање и дијареа каде треба и консултација со инфектолог. Она што педијатрите не го гледаат од вирусите е рота стомачниот вирус за што има вакцина и е намалена инфекцијата што мора да се третира во болница. Во пораст се горно респираторните инфекции кај деца со растечен нос, кашлица. Посебно внимателни треба да бидат родителите кај бебињата во овој период, посочува Атанасова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНедостиг од образовни асистенти на почетокот од учебната годинаУчебната година е во тек, но за дел од учениците со попреченост сè уште нема образовен асистент. Недостигот од асистенти за дел од семејствата значи секојдневна неизвесност – како детето ќе ја следи наставата и дали ќе ја добие поддршката што му е потребна во училницата. Со таков проблем се соочува и Мартина, родител кој за Канал 5 раскажува со какви предизвици се соочуваат откако започна учебната година. „За мене како родител ова значи дека повторно јас треба да ги сносам последиците од нешто што не е моја обврска...Јас можам да им бидам поддршка на моите деца но, не можам да бидам замена за системска поддршка што им следува, а најтешко ми е што знам дека за нив секое доцнење е нова промена“ – Мартина, родител. Министерката за образование Јаневска признава дека се уште има проблем, и покрај дополнителниот оглас што беше распишан во меѓувреме. Бројот на пријавени засега не ги покрива целосно потребите, а некои од веќе ангажираните самите се откажуваат.. од кои причини – Јаневска нема информации.. Според податоците што ги објави Министерството за образование и наука пред почетокот на учебната година, во основното образование се ангажирани 1.358, а во средното уште 166 образовни асистенти. Сепак, самата бројка не покажува дали се задоволени реалните потреби на учениците и нивните семејства. МОН јавно не соопшти колку барања биле доставени за оваа учебна година, колку од нив биле одобрени, а не е објавена ниту распределба на асистентите по општини, градови, училишта или ресурсни центри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда ПердомоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев оствари работна средба со г-ѓа Јоланда Пердомо, меѓународно реномиран експерт и стратег за туризам, со долгогодишно искуство во UN Tourism и во туристичкиот сектор на Канарските Острови.На средбата се разговараше за можностите за идна соработка и развој на нови туристички содржини, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам и активното вклучување на семејните винарии во туристичката понуда. Разменети беа идеи за реализација на пилот-проект преку кој семејните винарии би можеле да се вклучат во креирањето на автентични туристички искуства, со што дополнително би се промовирале локалните производи, традицијата и потенцијалите на регионот. „Продолжуваме да работиме на создавање нови можности за развој на туризмот, поврзување на локалниот потенцијал со меѓународното искуство и воспоставување партнерства што ќе придонесат за одржлив туристички и рурален развој.“- објави Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter