Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
1Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
3Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб
БалканВучиќ: Ќе отвориме дијалог за литиумот и за одлуката што ние како општество ќе ја донесеме-Ќе разговараме со сите луѓе. Сакам нашето општество во Србија да донесе одлука, вели Вучиќ.Претседателот на Србија во денешното обраќање до јавноста рече дека во наредниот период мора да се отвори дијалог за литиумот и на парламентарно и на експертско ниво, каде ќе доминираат аргументите наведувајќи дека сака одлуката за тој проект да ја донесат граѓаните на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Ќе разговараме со сите луѓе. Сакам нашето општество во Србија да донесе одлука, а луѓето да ги разгледаат сите аргументи, луѓето да слушнат колку глупости можевме да слушнеме во претходните седум дена, колку невистини, колку лаги, посочи Вучиќ. Вучиќ истакна дека литиумот припаѓа на критичните минерални суровини, како што е песокот, солта, нафтата и маслото и дека во иднина ќе се водат војни за литиумот. Тој изјави дека Србија има можност да произведува 58.000 тони литиум карбонат годишно и дека суштинската битка е дали може да обезбеди да се произведуваат батерии во Србија, како и да дојдат нови производители на електрични автомобили. -Без производството на батерии кај нас, немаше да влеземе во проектот со литиум, а тогаш ќе имавме три милијарди евра на годишно ниво нова вредност, а веќе почнавме дополнително да разговараме и за електричните автомобили, што би значело уште 20 милијарди евра. Тој рече дека, додека Германците не гарантираат дека реките и планините ќе бидат чисти и дека депонирањето на депонијата ќе биде во согласност со највисоките европски стандарди, „ниту ќе се обидеме, ниту ќе започнеме ништо“ во врска со литиумот. Тој истакна дека сè може да се прекине до 2028 година „доколку, ако прифатиме сè, можеби ќе можеме да отвориме рудник“. Вучиќ ја повтори изјава дека стопирањето на проектот „Јадар“ пред две години е дело на некои западни безбедносни служби, се со цел да се забави развојот на Србија. -Тоа беше вистинска шаховска минијатура на одредени западни служби да се запре забрзаниот развој на Србија. Шаховска минијатура во која не победија, ни одземаа две години додека не реализираа дел од нивните интереси, изјави Вучиќ и додаде дека не треба повеќе да се губи време./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЕвропаМакрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Европската комисија да ја поддржи забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години во ЕУ. Неговата канцеларија објави дека тој се одлучил за тој потег откако Франција не успеа да воведе свој закон, пишува Ројтерс. Писмо до Урсула фон дер Лајен Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 29 август, Макрон изјави дека воведувањето забрана на ниво на целата Унија станало итно. Тој нагласи дека новото законодавство на ЕУ е неопходно бидејќи францускиот Уставен совет го отфрли националниот закон ова лето, непосредно пред да стапи на сила во септември. „Верувам дека сега е потребно да се оди чекор понатаму и да се воведе единствена забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години преку новата европска законска рамка. На тој начин би ги заштитиле сите деца во Унијата“, напиша Макрон во писмо до кое дошле Ројтерс и други медиуми. Поделени ставови во Европа Откако Австралија воведе таква забрана минатата година, неколку европски земји размислуваат за слични ограничувања. Причината е растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз менталното здравје и безбедноста на младите луѓе. Сепак, некои земји, особено оние во Скандинавија, веруваат дека одлуката треба да ја донесат родителите. Приоритетот на Макрон и плановите на Комисијата За Макрон, ова прашање стана приоритет во последната година од неговиот претседателски мандат, пред изборите во 2027 година. Тој веќе некое време лобира кај другите влади на ЕУ да ги поддржат овие ограничувања. Тој исто така најави дека, без оглед на исходот на европско ниво, Франција ќе го финализира законот што Уставниот совет го поништи, иако политичката фрагментација во парламентот и тешките преговори за буџетот би можеле да го отежнат неговото усвојување. Фон дер Лајен уште во јули изјави дека Европската унија ќе преземе чекори за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за најмладите во сите 27 земји-членки. Таа се осврна на предлозите на двајца автори кои препорачуваат воведување систем по возрасни групи. Според тој модел, децата под 13 години би имале само ограничен надгледуван пристап, додека ограничувањата постепено би се ублажувале со возраста. Макрон, од друга страна, се залага за построг пристап и повикува на целосна забрана за користење на социјалните мрежи до 15-годишна возраст. Тој го испраќа своето барање пред говорот за состојбата на Унијата што Фон дер Лајен ќе го одржи во Европскиот парламент на крајот од овој месец.Тагови: Емануел Макрон социјални мрежи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)Возач кој вчера се враќал од Жабљак испратил на познатата Инстаграм страница „Подгорица Тајм Машин“ загрижувачки информации за пожарите во областа Шавник.Како што наведува, активни пожари може да се видат на неколку локации низ Цена Гора, додека голем дел од теренот веќе е зафатен од пламен и претрпел значителна штета. „Оган гори насекаде. Огромни пожари, а голем дел од областа веќе е изгорен. Она што најмногу ме вознемирува е што не видов ниту едно противпожарно возило по целиот пат, ниту пак некоја сериозна акција за ставање на пожарот под контрола и спречување на уште поголема штета“, наведува читателот. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Тој додава дека сцените на кои наишол се многу вознемирувачки и дека е тажно да се гледа како пожарот ги проголтува шумата и природните пејзажи. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават секој пожар што ќе го забележат кај надлежните служби.Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во ЗагребВчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, свечено потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски. Со овој договор се отвора широк простор за реализација на заеднички изложби, стручни работилници, предавања, како и за непосредна размена на кадри и искуства. Посебен акцент е ставен врз процесите на дигитализација, заштита, обработка, конзервација и реставрација на архивскиот материјал. Размената на искуства во областа на дигитализацијата е од особено значење за модернизација на архивската дејност, овозможувајќи современо чување и поголема достапност на историското и културното наследство за пошироката јавност. Државниот архив упатува посебна благодарност до амбасадорот д-р Драган Ѓурчевски за неговото несебично залагање и поддршка во успешната реализација на оваа значајна иницијатива. Државен Архив на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter