Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканВучиќ: Ќе одам туристички во Брисел, сѐ додека Косово не ги исполни своите обврски „Додека Приштина не ги исполни обврските од претходните договори, можам да одам во Брисел само како турист, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Вучиќ реагира на повикот на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел до лидерите на Србија и на Косово да го продолжат дијалогот. Продолжувањето на дијалогот за постигнување конечен договор, што го туркаат ЕУ и САД и покрај сигналите од двете страни дека се подготвени да седнат на маса, секоја под свои услови, останува неизвесно, па дополнителен притисок од Вашингтон и Брисел врз политичките лидери во Белград и Приштина. Пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ, Борел вчера повтори дека предлогот за европскиот план е „на маса“ и ги покани лидерите на Белград и Приштина „наскоро, за неколку недели да дојдат во Брисел, со цел дефинитивно да се протурка „Тој предлог, кој е поддржан и од Вашингтон.“ Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, оваа недела посочи дека моралниот компас на Србија треба да биде насочен кон Запад бидејќи Србија е дел од Европа, оценувајќи дека решението на косовскиот проблем е „важно прашање“ не само за Белград и Приштина, но и за Унијата. Тој договор, како што беше претставен на двете страни од американско-европските дипломати во втората половина на јануари, предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово (Заедница на српски општини ЗСО). Вучиќ им порача на дипломатите на САД и ЕУ дека Србија е „подготвена да го прифати концептот на европскиот план“ и „да работи на спроведувањето на предложениот договор“ за дијалог за нормализација на односите со Косово. Косовскиот премиер Албин Курти рече дека Косово „го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите“ и го смета за добра основа за понатамошни разговори и солидна платформа за напредок. Белград инсистира дека формирањето на ЗСО е клучна точка за продолжување на дијалогот, а Курти останува на ставот дека формирањето на оваа асоцијација е можно со шест услови, меѓу кои тоа да е во согласност со уставот на Косово, да не се заснова исклучиво на етничка основа и може да дојде во предвид по меѓусебното признавање. Вучиќ по повикот на Жозеп Борел го потврди ставот на Белград за можниот патоказ за продолжување на дијалогот. „Ако ми се јавите, известете ме дека го доставиле ЗСО. Кога ќе го достават, ќе дојдам да разговараме за сѐ друго“, рече Вучиќ, велејќи дека не го интересира да оди во Брисел како турист. Минатата недела, во жестоката парламентарна дебата за Косово, тој повтори дека нема да ја признае независноста или да се согласи Косово да стане членка на ЕУ. Тој го истакна прифаќањето на Приштина да формира ЗСО како клучна точка за понатамошен дијалог за решението. Вашингтон и Брисел инсистираат дека формирањето на оваа асоцијација е обврска на Приштина, но ставовите на САД, ЕУ, Белград и Приштина за формата, суштината и времето на формирање на ЗСО се непомирливо различни. Белград ја гледа таа заедница како чадор институција за заштита на правата на српското малцинство, Приштина не сака ЗСО да стане „Република Српска на Косово“, а САД и ЕУ се обидуваат да најдат компромисно решение што би ги задоволило двете страни. Во 2008 година, Косово ја прогласи својата независност, која Белград одбива да ја признае и да се согласи да ја прими во ОН. Независноста на Косово ја признаваат водечките западни земји, но не и Кина, Русија, Ватикан и пет земји-членки на ЕУ. Дипломатските обиди за постигнување конечен правно обврзувачки договор меѓу двете страни траат повеќе од една деценија, со повремени тензии кои, често придружени со ѕвечкање на оружје, постојано се на работ на сериозен конфликт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook