Вучиќ: Ќе има уште апсења, повеќето ќе ги завршиме до вторник - Канал 5

Вучиќ: Ќе има уште апсења, повеќето ќе ги завршиме до вторник

Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва нагласи дека се работи за целосно смислен терористички напад и дека ништо не се случило случајно.

Вучиќ: Ќе има уште апсења, повеќето ќе ги завршиме до вторник

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите лица со напаѓачот на жандармот Милош Јевремовиќ и дека очекува до вторник да се реши најголемиот дел од таа работа, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва нагласи дека се работи за целосно смислен терористички напад и дека ништо не се случило случајно.

-Полицијата немаше одредени сознанија, но обвинителството работеше. Имавме комплетна обработка на лице по налог на обвинителството. Обвинителството го правеше тоа и според она што го слушнав можеби грешам, се беше подготвено, требаше да се дополнат уште некои детали за обвинителот, за да има доволно докази и да продолжи во постапка, т.е. апсењето на лицето“ рече Вучиќ.

На прашањето до кога ќе важи црвениот аларм во Србија, односно црвеното ниво на безбедност, Вучиќ рече дека државните органи до вторник ќе го решат најголемиот дел и потоа се ќе биде во ред.

На прашањето како ја коментира една од реакциите што доаѓа од Германија и коментарот дека терористички напад во Србија не е изненадувачки бидејќи резолуцијата за Сребреница исцртала мета на челото на Србија, Вучиќ рече дека зад тоа стои Ирфан Пеци кој некогаш бил многу радикален во неговите ставови и дека соработувал со германската тајна служба БНД.

-Ова е без сомнение една од работите за кои не можам да кажам дека директно влијаела. Би лажел, тоа е прашање за истрага, но нема сомнеж дека и ова ќе се истражува како еден од мотивите, рече Вучиќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер