Вучиќ како лик од цртан филм ги забавува Србите (ВИДЕО) - Канал 5

Вучиќ како лик од цртан филм ги забавува Србите (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во хумористично видео е претставен како лик од познатиот цртан филм „Црта“ и покажува што изградил и направил за својата земја.

Вучиќ како лик од цртан филм ги забавува Србите (ВИДЕО)

- И сега на работа! Брзо да се изгради пат. Момци, не можам да летам. Што прави оваа дупка овде? Момци закрпете ја оваа дупка што побрзо! Среќна работа. Каде е мојата Панда? Што е ова? Тоа ти е шега. Барав електрична фиат панда од Крагуевац. Така е! Национален стадион, мостови, тунели, фабрики, Белград на вода, Експо. Работиме напорно и ја градиме Србија – изјави Вучиќ во хумористичното видео, објави Ало.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер