Вучиќ: Ја сменивме Дубровничката декларација, Белград без санкции кон Москва - Канал 5

Вучиќ: Ја сменивме Дубровничката декларација, Белград без санкции кон Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Дубровник изјави дека Србија успеала да смени неколку важни точки од декларацијата на учесниците на Самитот Украина – Југоисточна Европа.

Вучиќ: Ја сменивме Дубровничката декларација, Белград без санкции кон Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Дубровник изјави дека Србија успеала да смени неколку важни точки од декларацијата на учесниците на Самитот Украина – Југоисточна Европа, така што повеќе не пишувало дека земјите се обврзани, туку се охрабруваат да се усогласат со мерките на Унијата, со што Белград останал без санкции кон Москва.

Вучиќ изјавил дека Србија седи само на „српско столче“ и дека се залага за почитување на повелбата на Обединетите нации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протекоа податоци на холивудски ѕвезди: меѓу нив се Анџелина Џоли и Роберт де Ниро

Холивудските ѕвезди, меѓу кои наводно се и актерите Анџелина Џоли и Роберт де Ниро, се меѓу јавните личности чии приватни контактни податоци беа откриени во големо протекување на податоци поврзано со базите на податоци на филмскиот фестивал Трибека.

Протекоа податоци на холивудски ѕвезди: меѓу нив се Анџелина Џоли и Роберт де Ниро

Експертот за сајбер-безбедност Џеремаја Фаулер изјави за британскиот весник „Сан“ (The Sun) дека на интернет биле достапни бази на податоци што содржеле телефонски броеви и приватни адреси за е-пошта на бројни познати личности.

Тој додаде дека податоците вклучувале и датотека со информации за уредите поврзани со тие адреси за е-пошта – како што се моделите на телефони и верзиите на оперативните системи и веб-прелистувачите – што би можело да им обезбеди дополнителни информации на потенцијалните напаѓачи.

„Она што беше навистина интересно е постоењето на датотека со информации за нивните уреди, поврзани со нивните адреси за е-пошта. Во неа беше наведено која верзија на iPhone ја користат, како и – доколку го користат прелистувачот Safari – која верзија на софтвер ја имаат инсталирано. Тоа би можело да им даде многу дополнителни информации на злонамерните лица“, рече Фаулер.

Според него, четирите компромитирани бази на податоци содржеле приближно 666.000 записи од периодот меѓу 2019 и 2026 година, сите поврзани со годишниот филмски фестивал во Њујорк, основан од Роберт де Ниро.

Меѓу наведените имиња се режисерите Мартин Скорсезе, Џорџ Лукас и Дени Бојл, како и актерите Морган Фриман, Џенифер Лоренс и Винона Рајдер.

Поголемиот дел од податоците се состоеше од маркетинг-материјали, но наводно една база на податоци содржела броеви на мобилни телефони и адреси на е-пошта на истакнати поединци – податоци за кои експерт смета дека би можеле да претставуваат нивни приватни информации за контакт.

Засега не е познато колку долго податоците биле јавно достапни, ниту кој можеби имал пристап до нив. Исто така, нема докази дека самиот Филмски фестивал „Трибека“ е одговорен за наводното протекување на податоци. Овој инцидент се надоврзува на низа претходни сајбер-напади насочени кон истакнати личности, вклучително и голем хакерски напад во 2020 година, при што беа компромитирани околу 130 профили на тогашниот „Твитер“.

Меѓу погодените профили биле и оние на Илон Маск, Канје Вест, Ким Кардашијан, Барак Обама, Џо Бајден, Бил Гејтс и Џеф Безос.

„Трибека“ е реномиран меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја пролет во истоимената населба на Менхетен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Екс тениска шампионка ужива во бикини

Поранешната најдобра светска тенисерка Србинката, Ана Ивановиќ отсекогаш била на листите на најубави спортистки на светот, а многумина велат дека таа буквално заблескала по разводот од легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Фото: Екс тениска шампионка ужива во бикини

За тоа сведочат и нејзините најнови фотографии од јахта.

Ана замина на одмор со пријателите, од каде што сподели провокативни фотографии со кои ги воодушеви фановите.

На фотките може да се види како долгоногата Ана се сонча во минијатурно розово бикини што совршено ѝ прилега на виткото тело, а на сите фотографии не ја симнуваше насмевката од лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред

Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред, туку ги усовршува грешките.

Зајкова: Најтрагично е кога некој критикува грешки на претходникот и не ги поправа кога ќе дојде неговиот ред

Во врска со носењето на новиот Кривичен законик, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, повика на правда и изјави дека ставовите на ЛДП се конзистентни во недавањето поддршка на измените на Кривичниот закон, затоа што сѐ уште сведочиме на застарување на случаите со корупција во највисоките ешалони во власта.

„Но најтрагично е што во политиката кога некој ги критикува грешките на претходникот, а потоа доаѓа и истите грешки ги усовршува, наместо да ги поправи и затоа бевме сведоци на носење на уште покатастрофален Кривичен законик од тој кој што претходно се донесе, а за кој што ЛДП повторно алармираше дека е навистина лош. Но колегите од мнозинството нѐ убедуваат дека тоа е еден супер закон, за на крај пак да добиеме ‘шамар’ од Брисел, дека во тој поглед не ги исполнуваме условите, ама со тоа секојдневно народот губи пари. Како што за Изборниот закон изгуби 4 милиони евра, за неспроведување на другите реформи губи 170 милиони. И сега кој ќе ја понесе одговорноста тука?“, праша Зајкова во своето гостување на Вести Плус на Канал 5.

На прашање од новинарот за можните парламентарни избори напролет, претседателката Зајкова посочува дека ЛДП е подготвена да настапи на предвремени парламентарни избори.

„Зошто го велам ова самоуверено и со насмевка? Затоа што верувам во нашите предлози и знам дека 80% од граѓаните ги поддржуваат нашите предлози и за отворени листи, зад кои што не ќе може да се крие одговорноста. Таму има директно име и презиме на избраниот претставник; 80% од граѓаните поддржуваат да се укинат банкарските провизии, бидејќи банките за сметка на своите профити ги дерат луѓето со провизии и непотребни трошоци, а државата не интервенира иако неколку пати редоследно го поднесуваме законот; 80% од граѓаните се согласни со нас дека нема потреба толку заменици директорски и министерски места; 80% се согласни дека треба да се укинат тие непотребни паушали во дел од управните одбори, за електронската нараквица за насилници и низа други предлози на ЛДП. Но она што е поразително е што големите партии а сакаат по истиот изборен модел да одиме повторно на избори. Зошто? Затоа што ваквиот изборен модел очигледно им одговара затоа што земаат најмногу пари согласно ваквиот изборен модел, за да секојдневно слушаме разноразни соопштенија од кои што цревата веќе ни се превртуваат“, вели претседателката Зајкова.

Неодамнешниот избор на Моника Зајкова за потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ е важен за градење на влијанието, односно презентирање на позициите на Македонија како клучен регионален конструктивен фактор, наметнување на наши идеи, помош на наши експерти да се вклучат повеќе во работата на институциите на ОБСЕ и давање на приоритет не само на Македонија, туку и на целиот Западен Балкан.

„Изборот за потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ пред сѐ, мислам дека е национална гордост, не само лична. Македонија никогаш немала на оваа позиција свој човек. Немал ни Западниот Балкан. Последен пат тоа бил Кривокапиќ од Црна Гора, во 2000-та година. Така што е навистина голем успех, а посебно го прави успехот тоа што оваа функција не се добива со именување или назначување, туку по пат на непосредни избори во кои што гласаат делегации од 57 парламенти, каде што и Светата Столица има свое почесно место. Затоа и има поголема тежина бидејќи јас бев во трка со уште седум противкандидати, така што мене навистина ми значи извојуваната победа“, вели Зајкова.

Зајкова дополнува дека сите горливи прашања кои што ги мачат македонските граѓани таму можат да бидат поставени како еден од приоритетите на бордот во опсег на кој што ќе се разгледуваат.

„Многу е важно да се држи високо темата за одредени држави, бидејќи гледаме како секогаш одредени држави си ги позиционираат своите агенди во меѓународните институции. Затоа е важно и Македонија да се позиционира постојано и да биде во фокус на агендата на ваквите институции“, завршува претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер