Лукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира криза
1Лукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира криза
БалканВучиќ: Изборите во Србија ќе се одржат на 17 декемвриСрпскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното интервју на ТВ Прва најави дека на 17 декември во Србија ќе се одржат избори, јави дописникот на МИА од Белград.- Ќе има парламентарни, белградски и (покраински) избори за Војводина, рече Вучиќ и додаде дека на тој начин ја исполнува желбата на опозицијата. Вучиќ информира дека изборите мора да ги распише до 2 ноември за да се одржат на 17 декември. Тој рече и дека локални избори ќе се одржат во околу 60 општини, во зависност од тоа дали и колку оставки ќе дадат градоначалниците на тие општини. Според него, важно е тие да се одржат за граѓаните да се изјаснат. - Важно е народот да се изрази, народот е носител на суверенитетот, народот е носител на суверенитетот … Можеме да ја добиеме довербата од народот – тоа е во ред. Не можеме – повелете ве молам нека владее некој друг. Немаме никаков проблем со тоа, изјави Вучиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаЛукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира кризаПратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм, додека реакцијата на институциите е задоцнета, и во преземањето мерки, но и во делот со прскањето. Власта потфрли во менаџирањето со западнонилската треска, но и во справувањето со труењето со вода во Гостивар. „Според статистиката од 2011 година до 2025 година ние имаме само 5 смртни случаи на западно-нилска треска. Тоа се вкупно 14 години. А сега, во многу краток временски период, имаме исто толку смртни случаи. Паралелно со сето тоа, гледаме додека нашите врвни епидемиолози даваат добронамерни совети кон граѓаните, секако и по барање на медиумите, за да се слушне, за да се разберат одредени непознаници, бидејќи ова не е нешто старо, ова е нова состојба, премиерот веднаш ги нападна дека шират одредени дезинформации“, рече Лукаревска. Лукаревска посочи дека наместо системска превенција, од власта се слушаат различни објаснувања – од базени и канализации, до застоена вода, а на крајот и вазните на гробиштата. „Од друга страна, слушаме изјави од владини претставници дека треба да се испразнат базените, канализациите и така натаму, застоена вода да нема, и на крајот да слушнеме дека вазните на гробиштата се исто така криви за тоа што имаме повеќе случаи за западнонилска треска“, рече Лукаревска, посочувајќи дека реакцијата е задоцнета, особено во делот на прскањето. Но, потфрлањето не е ограничено само на западнонилската треска. Сериозен пример е и случајот со труењето со вода во Гостивар, каде што наместо единствена и транспарентна информација, граѓаните добиваат различни извештаи од различни институции. „Многу потфрлија и во ова труење со вода во Гостивар. Значи, ние имаме 5.000 случаи, од друга страна гледаме префрлање на одговорноста кај надлежните институции, односно Министерството за здравство вели: „Јас ќе ви дадам извештај само она кое што е во мој домен“, а Агенцијата за храна и ветерина вели: „Ние ќе дадеме извештај кој што е во наш домен“, меѓутоа не можеме се и да испренесеме пред јавноста. Институтот за јавно здравје со трета приказна, четврта приказна, други институции, и така натаму. Граѓаните не се задоволни од кумулативни извештаи, или од половични извештаи, или од четвртини извештаи од секоја институција. Треба да седнат на прес-конференција, сите оние кои што се надлежни, и да ја кажат реалната состојба, макар и тоа да е најлошо, меѓутоа општеството, граѓаните, тоа мора да го знаат. Ние поднесовме кривична пријава и очекуваме дека ќе има разврска“, потенцираше Лукаревска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаСе нормализира состојбата со чадот во Скопје, пожарот на планината Жеден ставен под контролаСе нормализира состојбата со чадот кој речиси во текот на целиот ден проследен со силна миризба беше присутен во Скопје, како резултат на околните пожари на Китка и на планината Жеден..Нормализирано и нивото на загадување, кое во еден момент го смести главниот град на листата на најзагадени во светот, според апликацијата Ај-Кју-Еар.. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарот на планината Жеден, над селото Бојане е ставен под целосна и контрола и дека се очекува во текот на ноќта да биде целосно изгаснат.. Активни пожари има и кај месноста Видуш, Македонски Брод, кај селото Пиперово во Општина Струмица, селото Митрашинци, беровско, селото Сушица во Општина Петровец, селото Трново во Општина Гостивар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ЕвропаСветски шампион е осуден за силување деца Поранешен светски шампион во снукер е прогласен за виновен за сексуално злоставување деца во минатото. Греам Дот, 49, се појави на суд под обвинение за непристојни, ласцивни и развратни дела и однесување кон две деца. Обвиненијата опфаќаат период помеѓу 1993 и 1996 година во врска со девојче и период помеѓу 2006 и 2010 година во врска со момче. Во тоа време, двете деца биле на возраст за основно училиште. Дот негираше какво било кривично дело, нарекувајќи ги обвинувањата „одвратни“ за време на неговото судење во Високиот суд во Глазгов. Жртвата, сега во 40-тите години, била нападната во областа Глазгов. Таа се присети на инцидент во кој Дот почнала да ја „гали“ задникот преку облеката додека играла „јавање“ во затворен простор. Жртвата им кажала на поротниците дека била сексуално нападната за време на „игра на погодување“, која наводно се одвивала повеќе пати, во која морала да ги затвори очите и да „погоди“ што прави Дот. Детето рекло дека за време на еден инцидент, Дот ги соблекол панталоните, ја кренал кошулата и го бакнал во стомакот. Тој се разголил и за време на друг инцидент и го намамил на кратко да се вклучи во сексуална активност, која завршила кога детето „почнало да плаче“. Жената му рекла на судот дека била „шокирана, изненадена“, додавајќи подоцна: „Сакав да го направам она што ме замоли да го направам затоа што не сакав да го вознемирам или нешто слично“. Поротниците слушнале како жената ѝ се доверила на пријателка кога била тинејџерка, а потоа им кажала на членовите на семејството и на советник за средно училиште. Таа го пријавила случајот во полиција во 2001 година, но извештајот немал ефект сè додека полицајците не затропале на нејзината врата 23 години подоцна, во ноември 2024 година, во светлината на обвинувањата направени од момчето кое било повредено. Кој е Греам Дот? Дот станал професионалец во 1994 година и го освоил Светското првенство во снукер во 2006 година, победувајќи го Питер Ебдон во финалето во Крусибл во Шефилд. Тој исто така стигна до финалето во 2004 година, кога беше поразен од Рони О'Саливан, и во 2010 година, кога загуби од Австралиецот Нил Робертсон. Дот беше суспендиран од натпреварувањето од страна на Светската професионална билијардска и снукер асоцијација (WPBSA) кога обвиненијата против него беа објавени на суд во април 2025 година.Тагови: деца шампионот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter