Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај - Канал 5

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај

Ако претседателот на српскиот Парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 или 12 мај.

Вучиќ: Изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден, јави дописникот на МИА од Белград.

- Ако претседателот на српскиот Парламент се избере на 11, 12 или 13 март, не е важно, изборите мора да се одржат до 11 или 12 мај. Значи тие можат да се одржат на 28 април, во законскиот рок помеѓу 45 и 60 дена. Па може да бидат на 28 или на петти. А на петти е Велигден. Сакате да имаме избори на Велигден?, истакна Вучиќ.

Тој коментирајќи ги барањата на опозицијата да не се одржат изборите на 28 април поради празникот, тој кажа дека мора да се почитуваат законските норми и додаде дека опозицијата не дошла на консултации кај претседателот на Републиката да побара нешто.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата за изборни манипулации, посочувајќи дека Србија е единствената земја во светот која ја повика ОДИХР на локални избори.

- Ако веруваа дека изборите се украдени, ќе излезеа скокајќи од радост, бидејќи ние сме единствената земја што некогаш го поканила ОДИХР да присуствува на локалните избори. На секое избирачко место ќе има трипати повеќе набљудувачи. Јасно им е дека немаше кражба. И јасно им е дека за да победиш на избори треба да ја добиеш довербата од народот, рече Вучиќ.

Тој додаде дека ќе му честита на секој што ќе победи на изборите, но дека никогаш, како што рече, нема да ги прифати лагите и измамите, кои, според него, се дел од геополитичките игри во кои сакаат да ја уништат Србија.

Тој ги коментираше обвинувањата на одредени медиуми дека жители од Мала Крсна се доселуваат во Белград за да гласаат на претстојните белградски избори и рече дека во последните 72 часа во Белград се преселиле еден до двајца согласно законските услови.

Исто така, тој ги предупреди сите членови на Српската напредна странка (СНС) дека ќе бидат законски санкционирани доколку се обидат да направат каква било измама поврзана со изборите.

Вучиќ истакна и дека е задоволен што се прифатени две препораки на ОДИХР и што е започната нивната имплементација.

- Едната се однесува на јавниот простор, сите партии да имаат право, сите учесници на изборите ќе имаат исто право да го користат секој јавен простор, секоја зграда, секој центар на културата, сите под исти услови. И таа контакт група беше дадена преку Министерството на локалната самоуправа, како и на кој начин тоа да се регулира, изјави српскиот претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер