Сиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“
1Сиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“
3Вајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија
БалканВучиќ: Избори во следната година и пол, не сум добил никакво барање од никогоПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска во Тирана дека изборите во Србија ќе се одржат во следната година и пол кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа, пренесоа белградските медиуми.Тој додаде дека не добил никакво писмено или усно барање од блокадерите. Вучиќ, при неговото пристигнување на Самитот на Европската политичка унија во Тирана, на новинарско прашање за тоа како го коментира фактот дека студентите во блокада велат дека рокот за распишување на изборите што му го испратиле е истечен и дека ќе ги радикализираат протестите од 6 јуни, рече дека можат да прават што сакаат и предупреди дека институциите ќе си ја работат работата согласно законот. „Само нека притискаат, а законот и институциите на системот ќе си ја завршат работата“, рече Вучиќ. „Не сум добил никакво барање, ниту од која било надлежна институција, ниту од никого. Се чини дека некој не е надлежен, но треба да биде надлежен за нешто. И, не контактирале со надлежната институција“, изјави тој. Вучиќ нагласи дека верува оти до крајот на годината може многу да се направи за Србија да напредува понатаму на својот европски пат. На прашањето дали Европа конечно ќе биде доследна во однос на проширувањето на Западен Балкан, Вучиќ рече дека му се чини дека постои желба. Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаСиљановска-Давкова ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“, научничката што го откри „Оземпик“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија во Вила Водно ја одликува Светлана Мојсов со орден „8 Септември“... Станува збор за скопјанка која живее во Њујорк и е светски призната како научничка која придонела за откривање на современите лекови за дијабет и дебелина, како што е Оземпик... Таму е Сања Трајковска Ставров... Сања, кои се заслугите на Мојсова за ореденот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтора дебата на Платформата 12.05: Очекуваат оставка од Филипче Платформата 12.05 која бара оставка на раководството на СДСМ и формирање на широк опозициски фронт, денеска во Скопје ја одржува втората дебата, овој пат на тема „35 години независност“.. Венко Филипче и актуелното раководство со нивното однесување станаа фракција во СДСМ, членството е на наша страна во огромно мнозинство, изјави Игор Ивановски, еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, која денеска одржа нова средба насловена „Што по 35 години?“. И покрај одбивањето на Филипче да поднесе оставка од претседателската позиција на СДСМ , од платформата чиј дел се истакнати членови и поранешни високи функционери на СДСМ, не се откажуваат од нивните намери за конкретни чекори за смени на раководството во партијата и, како што велат, пораз на оваа Влада и ВМРО-ДПМНЕ. Планот за консолидација и структурни промени, за кои како што кажа Ивановски, многупати реагирале во партијата, ќе му го достават на Филипче деновиве, а од него очекуваат да ги прифати за доброто на партијата. „Јас знам дека на Венко Филипче му е тешко. И ќе му биде уште потешко. Но не смее да и биде потешко на СДСМ. Тој има шанса макар на крајот да со своите постапки помогне да во овој момент заробена партија се отвори и се врати на членството. Низ една нормална, демократска постапка, процедури, членството на крај ќе одлучува. Но едно е јасно. Во ваква состојба како што е сега, во овие изминати 2 и пол години како резултат на активноста токму на претседателот Филипче и на таа една клика којашто во основа е бизнис профитерска, партијата не може да победи на избори. Таа група е најдобра инвестиција на власта во државата.“, изјави Игор Ивановски. На денешната втора дебата на Платформата учествуваа и Амар Мециновиќ од Левица и Мирослав Јовановиќ, лидерот на Српска странка во Македонија, како и претставници од невладиниот сектор, јавниот живот и различни општествени чинители. Од Левица велат ќе дадат шанса на оваа иницијатива за опозициско окрупнување и промени, иако остануваат на своите идеолошки и партиски позиции. „СДСМ триесет години се претставува како некаков антипод на ВМРО-ДПМНЕ но јасно е дека неказнивоста помеѓу овие две партии е единственото универзално правило кое ние го имаме во Македонија. Левица е парламентарна партија со јасни позиции кои ќе ги застапи на овие разговори и ние иамме одговорност да рзговараме со сите опозициски елементи во општетството за потенцијално мобилизирање на одговор против Владата на ВМРО-ДПМНЕ.“, изјави Амар Мециновиќ. Лидерот на СДСМ Филипче вчера изјави дека нема да отстапи пред барањата на платформата, кои ги нарече платеници на власта, но е подготвен за средба со нив. Според него намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и оцени дека станувало збор за пуч во СДСМ, а тој, како што кажа, имал легитимен мандат да ја води партијата. Од платформата во 12 и 05, пак, тврдат дека тие нема да бидат нова политичка партија ниту, пак, ќе поднесуваат независни листи на парламентарните избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВајц: Напредокот ѝ е потребен на Македонија без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската УнијаНапредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија.Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц, во обраќањето на Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“.. Во спротивно, рече, граѓаните ќе го бараат подобриот живот на друго место. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook