Вучиќ: Имаме проблем со криминалците од Хрватска, БиХ, Црна Гора и Косово - Канал 5

Вучиќ: Имаме проблем со криминалците од Хрватска, БиХ, Црна Гора и Косово

За 2026 година имаме две цели - мир и стабилност и таа да биде најдобрата економска година во историјата на Србија, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ: Имаме проблем со криминалците од Хрватска, БиХ, Црна Гора и Косово

За 2026 година имаме две цели - мир и стабилност и таа да биде најдобрата економска година во историјата на Србија, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ и најави инвестиции во армијата „во милијарди“, упорност во политиката на воена неутралност, зачувување на мирот во регионот, зголемување на платите и пензиите, нови инфраструктурни проекти, пренесе Индекс.

„Првата цел е мир и стабилност, а втората е таа да биде најдобрата година во историјата на Србија поврзана со економијата“, рече Вучиќ во своето годишно обраќање, кое го емитуваа во живо телевизиските станици со национален дострел.

Осврнувајќи се на илјадниците антивладини протести во текот на 2025 година, тој истакна дека е „горд“ што, и покрај бројните собири што ги нарече „нелегални“, мирот и стабилноста се зачувани и дека сè поминало „без смртни случаи“.

Борба против криминалот и зајакнување на безбедноста

Вучиќ се пожали на „значајното влијание“ на криминалците од Црна Гора и териториите на Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и други делови од поранешна Југославија, како и од регионот на Југоисточна Европа.

Тој потврди дека Србија има „најниска стапка на криминал“ во својата историја - 64.072 регистрирани кривични дела во 2025 година - „барем во последните 25 години“. Вучиќ најави дека полицијата, особено нејзините специјални единици, „ќе бидат неспоредливо подобро опремени“ и дека се очекуваат дополнителни зголемувања на платите за припадниците на полицијата и армијата.

Додаде дека државата, заедно со сопствената воена индустрија, купува сè за армијата и оружје од целиот свет, споменувајќи ги Франција, Израел, Кина, Русија...

Пред два дена беа потпишани „големи договори, во милијарди евра, а не во милиони евра“, за кои, како што рече, „кога ќе има можност“ и кога ќе се смета за „неопходно“, ќе ја информира јавноста.

„Денес можам да ви кажам дека секој, пред да помисли да ја нападне Србија многу, многу пати, а не двапати, ќе размисли за тоа. Нашата армија денес е многу, многу посилна отколку што била кога било“, истакна Вучиќ.

Дипломатски активности и енергетски предизвици

Српскиот претседател се пофали со својата богата дипломатска активност - со 34 средби со премиери и шефови на меѓународни организации и ЕУ, 31 со министри или претседатели на парламенти, 26 телефонски разговори со шефови на држави и влади, сметајќи дека имало вкупно 188 од овие „најважни“ контакти.

Во исто време, Вучиќ оцени дека „енергетската ситуација не е лесна“ за Србија и дека „очекува лиценца за работа за Нафтената индустрија на Србија (НИС)“ од Министерството за финансии на САД и Државниот оддел, кои се под санкции од октомври поради мнозинската руска сопственост во таа компанија.

„Верувам и се надевам во таа одлука, но не сум сосема сигурен“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека „ниту капка нафта не пристигнала 83 дена“ за рафинеријата во Панчево преку нафтоводот од Хрватска и дека резервите што беа „макотрпно“ собрани сега се трошат.

Инфраструктурни проекти и раст на животниот стандард

Најавувајќи бројни инфраструктурни проекти - вклучувајќи ја и изградбата на 936 километри автопати и експресни патишта, Вучиќ вети и дополнителни зголемувања на платите и пензиите. Пензиите, од сегашниот просек од околу 430 евра, „ќе пораснат значително повеќе од пет проценти“, додека платите од 945 во октомври треба да достигнат повеќе од 1.000 евра до крајот на годината. Вучиќ изрази верување дека Србија ќе го дочека крајот на 2027 година со просечна плата од 1.400 евра.

„Ќе ги завршам моите два мандата во мир и стабилност и во следните 50 години, ниту еден претседател нема да добие толку многу гласови во првиот круг“, рече Вучиќ, чиј втор петгодишен претседателски мандат истекува во мај 2027 година и, според српскиот Устав, тој повеќе не може да се кандидира за таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Натпросечно високи температури – од утре големо заладување

Невообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. 

Натпросечно високи температури – од утре големо заладување

Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми.

Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани.

„Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош.

Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување.

Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции

7,16 милијарди евра планира да потроши државата во следната 2027 година.. 

Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции

Според предлог буџетот кој влезе во собраниска процедура, планирани се приходи од 6,43 милијарди евра, што значи дека буџетскиот дефицит е проектиран на 731,7 милиони евра.. Капиталните инвестиции се за околу 70 милиони евра помалку, односно предвидени се 663,4 милиони евра.

Министерката за фианснии Кочоска, во своеото експозе кажа дека очекува ваквиот буџет да го продолжи трендот на раст на економијата, што се бележи во претходните две години.

-Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8 проценти. Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат раст од 6,8 проценти, поддржан од продолжувањето на големите инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Се очекува продолжување на инвестициската активност на домашните претпријатија, како и прилив на нови странски директни инвестиции и проширување на капацитетите на постојните инвеститори. Приватната потрошувачка се очекува да бележи раст од 2,5 проценти, поддржана од растот на расположливиот доход, зголемувањето на вработеноста и платите, редовното усогласување на пензиите и растот на кредитирањето на населението,- Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии.

Од Фискалниот совет предупредуваат дека и покрај проектираното подобрување на буџетското салдо, остварувањето на планираниот дефицит останува изложено на ризици. Во 2027 година државата треба да сервисира долгови во вкупен износ од околу 2 милијарди евра, меѓу нив е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година, која доспева во март следната година.

-Предлог-буџетот за 2027 година предвидува номинално намалување на дефицитот, а неговото остварување останува изложено на значајни ризици. Тековната буџетска година нè упатува да бидеме претпазливи кон овој ризик. Имено, согласно проекциите, приходите растат побрзо од расходите и се планира подобрување на примарното салдо,- Абдулменаф Беџети – претседател на Фискален совет.

Од опозицијата, пак, критикуваат дека буџетот не е доволно развоен и дека најголемиот дел од средствата се наменети за тековно функционирање на системот, наместо за капитални инвестиции.

- 91 процент од расходите се наменети за тековно функционирање на системот, додека 9,3 проценти непосредно се издвојуваат за капитални вложувања. Државата издвојува огромни средства за да ја одржува економијата каква што е, додека развојниот маневарски простор останува намален. Додека Владата се обидува да нè увери во постоење на фискална стабилност, јавниот долг достигна 10,93 милијарди евра. На крајот на 2023 година изнесуваше 8,5 милијарди евра. Тоа се дополнителни 2,5 милијарди евра долг,- Фатмир Битиќи – СДСМ.

Најголем дел од расходите во буџетот, односно околу 3,6 милијарди евра, ќе бидат наменети за социјални трансфери. За пензии се предвидени околу 2 милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор околу 930 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банка

Во новиот Кривичен законик кој веќе е објавен на ЕНЕР и испратен на мислење во Брисел, ќе има и посебно кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем.  

Нови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банка

Според предложеното решение, кривично ќе одговара тој што, злоупотребувајќи го своето влијание, службената или општествената положба и углед, преку лажни изјави или исправи ќе пласира неточни информации во јавноста, а со тоа ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем до степен што ќе наложи преземање законски мерки за нејзино одржување. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

Премиерот Мицкоски вели дека одредбата е додадена по актулените случувања поврзани со Алта банка, но и претходните слични искуства.

-За банкарскиот тоа е дел којшто е додаден како резултат на искуството кое сега го гледаме а тоа е искуството со Стопанска Банка Битола, Алта Банка. Гледаме како на отворена сцена имаме обид да се опструира изнаоѓање на решение од одредена политичка структура и тоа да помине неказнето и ладно. И тоа не е прв пат. Ако се навратите назад во 2016/17 година тогаш заменскиот заменик министер во техничката влада за финансии испраќаше писма во светот на начин кој ја опструираше тогашната емисија на еврообврзница. И мислам дека е ова една добра форма за понатаму да не се случува за никој политичар ваква тема да злоупотребува за политички поени,- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Иако во сегашниот КЗ нема вакво конретно дело, од НБРМ пред неколку дена поднеле две пријави до скопското обвинителство против раководството на СДСМ за наводите што ги изнесуваа на прес конферецнии во врска со Алта банка.. Од обвинителството брифираат дека во пријавите не се наведени конкретни кривични дела, но наводите во нив ќе бидат проверени. Од друга страна, кривична пријава против гувернерот Славески поднесе и СДСМ. Од таму денеска побараа обвинителството да не чека и додека ја разгледува пријавата да преземе итни мерки на претпазливост вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на гувернерот.

-Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски. Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија,- изјави – Јон Фрчкоски – Член на ИО на СДСМ.

Државниот обвинител Ненад Савески синоќа во тв интервју порача дека Обвинителството ќе постапува по сите кривични пријави поврзани со Алта банка, без разлика кој ги поднесува и против кого се поднесени.

Тој вели дека секоја пријава ќе биде распределена кај надлежен обвинител, кој треба да ги провери наводите, да ги истражи и да собере докази, нагласувајќи дека самото поднесување пријава не значи автоматски и основ за кривично гонење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер