Вучиќ и Курти во Брисел на средба со новата шефица на европската дипломатија, Калас

Косовскиот премиер, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат денеска со новата шефица на дипломатијата на Европската унија, Каја Калас, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Одделните средби на Калас со Курти и Вучиќ во Брисел, кои ги потврди и портпаролката на ЕУ за надворешна политика, Анита Хипер, нема да бидат во рамките на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, процес кој го посредува Европската унија.

Калас е новата шефица на надворешната и безбедносната политика на ЕУ и заедно со останатите нови комесари на Европската комисија го започна својот мандат на 1 декември.

Портпаролката Хипер, на вчерашната прес-конференција, одговараше на прашања во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец во северно Косово во петокот, на 29 декември, како и за иднината на дијалогот меѓу Косово и Србија.

Таа го повтори ставот што ЕУ го изрази ден по нападот во селото Варага кај Зубин Поток, опишувајќи го како терористички напад врз критичната инфраструктура на Косово и ги повика сите да соработуваат со косовските власти за да се откријат сторителите и истите да се соочат со правдата.

За средбите што Калас ќе ги одржи во Брисел, Хипер појасни дека тие нема да бидат дел од дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Каја Калас сега, по добивањето на мандатот, треба да одлучи како ќе продолжи процесот на дијалог, кој започна во 2011 година.

Косовскиот премиер и српскиот претседател во Брисел ќе имаат одвоени средби и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, а потоа ќе присуствуваат на неформална вечера што Коста ќе ја организира со сите лидери од регионот на Западен Балкан.

Курти и Вучиќ во последните денови разменија обвинувања за нападот во Зубин Поток. Косово ја обвини Србија за нападот на водениот канал Ибар-Лепенец. Србија негира дека стои зад нападот и рече дека започнала сопствена истрага за случајот.

Мицкоски: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Премиерот Христијан Мицкоски по поразот од Холандија, ги бодри нашите ракометари на СП.

„И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!“ , објави Мицкоски на ФБ.

Американка открива зошто носи перика, лажни мустаќи и тетоважи додека џогира (ВИДЕО)

Откако видела колку нејзиниот сопруг ужива во ноќното џогирање, Клер Викоф (44) решила да го промени времето кое се посветувала на спортски активности.

Сепак, таа сфатила дека не се чувствува безбедно на улиците во вечерните часови, пренесува New York Post.

„Трчам скоро 20 години, учествував на полумаратон во 2008 година и сакав да видам какво е искуството навечер“, објаснила таа.

Бидејќи не се чувствувала удобно, смислила експеримент со својот сопруг, нарачувајќи лажни мустаќи, перика, машка облека и лажни тетоважи.

„Брзо ја забележав разликата. Никој не ми приоѓа, ниту ми зборува кога сум маскирана во маж! За прв пат се чувствувам удобно да трчам навечер“, истакна таа.

Таа додава дека не била сигурна дека луѓето веруваат дека таа е вистински маж, но дека тоа навистина не е важно, бидејќи крајниот резултат е ист.

„Искрено, се чувствувам како суперхерој. Едноставно се чувствувам бескрајно побезбедно“.

Клер планира да го продолжи експериментот со новите „помагала“ што ги нарачала.

„Добивам лажна брадичка и самолепливи влакна на градите. Се чувствувам како да искусувам трчање од сосема нова перспектива и се забавувам правејќи го тоа“, заклучила таа.

РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија

Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија.

-За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, но без оглед на резултатот, Македонија победи, напиша Милошевски на Фејсбук./МИА

притисни ентер