Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ - Канал 5

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ,.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, во српското претставништво, која ќе биде вршител на должноста претседател на парламентот до изборите на крајот на декември. Ќе ја задржам оваа позиција до изборот на новиот претседател на Србија, изјави Ана Брнабиќ.

За време на примопредавањето на должноста, Ана Брнабиќ изјави дека е почестена што ја прифатила оваа позиција.„Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја држам оваа позиција до изборот на нов претседател. Знам дека Александар Вучиќ се впушта во нова борба и му посакувам среќа. Ќе ја држам оваа позиција до изборот на претседател на република србија“, нагласи Брнабиќ.

Вучиќ претходно поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, како што рече, како обичен граѓанин, наведувајќи дека ја извршил својата должност верно, чесно и праведно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него

Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него

Филипче излезе вчера во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС, кои јавно кажаа дека не се согласуваат со него на мнгoу полиња, и уште еднаш покажа дека ќе прави се спротивно од сите останати, само за да испадне дека е поразличен.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ му беше крива затоа што СДС се распаѓа под негово водство.

Веќе некое време, поранешни функционери на СДС се против Филипче да биде претседател, а за тоа се формираат и цели опозициски фронтови, со цел тој да се повлече, затоа што очигледно е дека, освен потрчковците лојални на Заев, меѓу кои е и тој самиот, сите знаат дека Филипче не ја води СДС да биде опозиција во земјава, туку сака само да дојде некако на власт. Пред одредено време, тој се нудеше на странски држави и ги усогласуваше неговите ставови со туѓи агенди, оти се надеваше дека ќе му помогнат да дојде на власт.

Никој не му е крив на Филипче што СДС се распаѓа, напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДС на чело со него.

По две години ширење паника и хаос во јавноста, де со мигранти, де со измислици, СДС со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција, па следно се очекува да каже дека ќе дојдат вонземјани.

Дека Венко живее во друг свет, тоа на сите им е јасно, јасно е и по јавното мислење, јасно е и по бројките од неколкуте изборни циклуси, јасно е и по неговото и однесувањето на СДС, оти не знаат што прават како опозиција и никако не можат да се помират дека не се на власт, а ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Светски ден на беснило - 28 септември

АХВ: Светски ден на беснило - 28 септември

Овогодинешното мото „Заедно посилни“ одразува критичен момент во напорите за елиминација на беснило, каде што напредокот сè повеќе зависи од тоа колку добро секторите, дисциплините и заедниците соработуваат. Иако е постигнат значителен напредок, празнините во координацијата и соработката продолжуваат да го ограничуваат влијанието. Оваа тема ја нагласува итноста од зајакнување на партнерствата, подобрување на комуникацијата и усогласување на напорите низ системите за здравје на луѓето и животните.

На секои девет минути, беснилото зема уште една жртва, но смртта може 100% да биде спречена. Кога работиме заедно, можеме да го прошириме пристапот до вакцинација на кучиња што спасува животи, да ги подобриме системите за надзор и пријавување на беснило, да ја зајакнеме јавната свест и образование, да ги поддржиме политиките што ги штитат и луѓето и животните и да изградиме одржливи решенија водени од заедницата.

Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано презема активности за контрола и одржување на позитивна епидемиолошка состојба кога е беснилото како болест во прашање. Акцијата на зголемување на бројот на идентификувани и регистрирани, а со тоа и вакцинирани против беснило миленици (кучиња и мачки) е само дел од мерките кои се преземаат,а се основа и за воспоставување на контрола на популацијата бездомни животни. Апелираме до држателите на домашни миленици, кучиња и мачки на одговорно сопствеништво, редовна задолжителна годишна вакцинација на домашните миленици и микрочипирање.

За прв пат по пауза од три години, Агенцијата за храна и ветеринарство во 2025 година започна со кампања за орална вакцинација на лисиците, со цел подобрување на епидемиолошка состојба со болеста беснило во земјава и регионот кај дивата популација. Оваа година кампањата за авионска дистрибуција на 450.000 вакцинални мамки започна на 23 септември и се очекува да заврши до 2 октомври, по што во рок од 15 дена ќе се започне со земање на примероци за проверка на успешноста на вакцинацијата.

Во тек е и кампањата стоп Беснило – пријави и спречи, која има за цел да го зголеми пасивниот надзор на болеста, односно да се провери евентуалното присуство на вирус кај угинати животни кои се приемчиви на беснило. Притоа, упатуваме апел до сите возачи и граѓани доколку забележат угинато животно приемчиво на болеста – лисица или други диви месојади, истото да го пријават на бесплатниот телефонски број 0800 00 210 или во канцелариите на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација –Квалитетот на водата во Скопје ги задоволува барањата за безбедност и квалитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 21.09.2026 до 25.09.2026 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер