Вучиќ: Го ценам пријателството меѓу Србија, Албанија и Македонија

„Сакам владите од сите три земји да градат мостови на доверба и верба, а луѓето од нашиот регион тоа ќе знаат да го ценат, оцени Вучиќ.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи се на онлајн панел-дискусијата „Економски форум на Делфи" за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, изјави дека во голема мерка го цени пријателството на трите држави, Србија, Албанија и Македонија, кои се на патот кон ЕУ и дека многу ја цени тешката, посветена работа на комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, тој потсети дека Србија, Македонија и Албанија ја започнале иницијативата „Мал Шенген" со цел да се овозможи слободен проток на луѓе, стоки и додаде дека е благодарен на ЕУ, која се залага за истите вредности.

-Гледаме дека треба да соработуваме не само за прашањето на економските односи, туку исто така сакаме да ги подобриме нашите односи кои имаат врска со инфраструктурата и поврзаноста, кажа Вучиќ.

Тој наведе дека политичката борба за младите и за генерациите што доаѓаат е најважна и дека таа може да се постигне само ако сите заедно соработуваат.

-Кога ќе кажам заедно, мислам на ЕУ и сите земји во регионот, кажа Вучиќ, додавајќи дека не постои одржлива иднина за народите, доколку младите немаат шанса да комуницираат со своите први соседи.

Тој посочи дека земјите во регионот треба да ја оживеат и да ја обноват довербата меѓу себе и додаде дека е горд што не може да се најдат луѓе кои говорат нешто лошо за Северна Македонија, но и за Албанија.

-Горд сум на тоа и тоа е резултат на нашата заедничка работа во претходните години, кажа Вучиќ. Тој посочи дека има простор за натамошно подобрување на односите меѓу државите, со заедничка работа во економскиот сектор, но и на политичката агенда.

-Сакам владите од сите три земји да градат мостови на доверба и верба, а луѓето од нашиот регион тоа ќе знаат да го ценат, оцени Вучиќ.

На панелот за пристапување на Западен Балкан во ЕУ, каде говореа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, Вучиќ оцени дека Србија прави максимални напори на реформскиот пат во европските интеграции, во областа на владеењето на правото, реформите во економскиот сектор и во поддршката за слободни медиуми./МИА

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за време на празниците

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.

Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:

почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,

користете сигурносен појас,

возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,

не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,

возете со технички исправно возило,

прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,

не зборувајте на мобилен телефон додека возите,

внимавајте на секој учесник во сообраќајот.

Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата.

работените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести.

-На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата, појасни Аџигогов.

Додаде дека станува збор за усогласување од 2 392 денари по лице и дека иако навидум делуваат како малку пари, се работи за законска обврска која мора да биде исполнета.

Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите.

-Ние сакаме да го предупредиме овој состав на управниот одбор да седне да си ја сработи својата работа и да ја донесе одлуката, да не не држи во неизвесност. Со оглед на тоа дека изјавиле дека немаат намера до формирање на нова влада да донесат одлука останува прашањето зошто управниот одбор воопшто постои, би било поетички да си дадат отказ и да дојдат лица кои ќе си ја сработат работата, посочи Аџигогов.

Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати.

Пред три месеци, Фондот за здравство стапи во штрајк поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат.

Винска визија на Отворен Балкан во Белград ги поканува изложувачите

Третиот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 22 до 24 ноември 2024 година со поддршка на владите на Република Србија, Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Саемот Винска Визија на Отворен Балкан е единствена и најголема регионална платформа за поврзување на винарите, дестилаторите, дистрибутерите, како и професионалците од винската индустрија. Саемот од година во година собира сè поголем број излагачи и професионални купувачи, отворајќи нови пазари и деловни можности за домашните производители.

Во 2023 година, саемот собра повеќе од 600 изложувачи од 29 земји, при што беа одржани повеќе од 2.000 B2B состаноци со дистрибутери од повеќе од 40 земји.

-Надоврзувајќи се на успехот и растот што го постигна саемот од година во година, ги покануваме сите излагачи да бидат дел од најголемата винска и дестилеријска манифестација во регионот, која дава можност за презентирање и пласирање на производите на меѓународно ниво, се наведува во соопштението на Стопанската комора на Србија (ПКС) во поканата до изложувачите на Винска Визија на ОБ.

Пријавите за саемот траат до 21 јуни 2024 година, а може да се преземат од официјалната веб-страница на Винска визија на Отворен Балкан: https://exhibitors.winevision.biz/.

притисни ентер