3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
БалканВучиќ: Довербата на Србија кон Западот веќе не постоиПретседателот Александар Вучиќ се осврна на изјавите на германскиот амбасадор Јорн Роде, велејќи дека тој е „познат по своите антисрпски ставови и дека се меша во се, почнувајќи од тоа каков грав ќе се јаде во Северна Митровица“.Во изјавата од Азербејџан за ТВ Пинк, Вучиќ се осврна на изјавата на Роде дека барикадите во Косово треба да бидат отстранети до Божиќ. „Неговата изјава е опасна, таа е закана за српскиот народ“, рече Вучиќ, а пренесува „N1“. Тој праша и зошто Приштина ги споменува жртвите и колку Срби ќе убијат, а го спомена и косовскиот премиер Албин Курти, за кого исто така рече дека се заканува. „Германија сака целосна доминација на Балканот“, тврди Вучиќ и додаде дека „отсекогаш знаел дека некој го турка Курти во неговиот дисбаланс“. Тој изјави и дека српската војска е десет до петнаесет пати посилна од пред десет години и дека во Баку ќе разговара за воена соработка. „Секако дека ни треба силна војска, инаку би не голтале како мачка глушец“, рекол Вучиќ, а потоа се насочил кон Турција. На односите со нив, вели тој, ќе влијае тоа што тие ја вооружуваат Приштина, мислејќи на беспилотни летала. Вучиќ вели дека за кризата на северот на Косово, како врховен командант на српските вооружени сили, ќе носи одлуки во согласност со интересите на својот народ. „Подобро да зборуваме илјада дена отколку да одиме во војна еден ден“, рече Вучиќ. Тој, исто така, рече дека некои мислат дека е вистинско време да се изврши целосен притисок врз Србија. Вучиќ изјави дека довербата на Србија во Западот повеќе не постои по изјавата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Минските договори се направени само за да се купи време за Киев, како и изјавата на функционерот кој во лице му рекол дека Западот нема да почитува никаков договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook