Вучиќ: Добра вест за НИС - Канал 5

Вучиќ: Добра вест за НИС

Вучиќ изјави дека рафинеријата во Панчево не работела долго време, поради што се предизвикани огромни проблеми и загуби. 

Вучиќ: Добра вест за НИС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го оквалификува како доба вест американското одобрување на лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија (НИС), истакнувајќи дека се е условно, со фактот дека НИС сега има право да добива, плаќа и произведува сирова нафта преку Јадранскиот гасовод.

-Верувам дека тие ќе ја искористат штом ќе платат, на првиот работен ден, што е 5 јануари, за да можат првите 85.000 тони веднаш да се добијат. Да подоцна можат да нарачаат уште еден танкер од 140.000 тони, изјави Вучиќ пред обиколката на Божиќното село пред зградата на Парламентот.

- Очекувам целосна нормализација на 17, 18 или 19 јануари, непосредно пред тој рок. А, потоа се надевам дека во меѓувреме Русите и Унгарците ќе ја завршат својата работа. Но, добиваме воздух и добиваме можност граѓаните да бидат мирни и да нема проблеми во снабдувањето.

Вучиќ изјави дека рафинеријата во Панчево не работела долго време, поради што се предизвикани огромни проблеми и загуби.

Претседателот на Србија, додаде дека очекува 2026 година да биде најдобрата година досега и посочи дека нема да има економски проблеми ако се реши прашањето со Рафинеријата, но дека се можни разни политички притисоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За седум месеци имало над 740.000 туристи, од нив 523.000 се странски

Македонија го задржа трендот и годинава бележи пораст на бројот на странските туристи... 

За седум месеци имало над 740.000 туристи, од нив 523.000 се странски

Над 741 илјади туристи ја посетиле Македонија во првите седум месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемиот дел од нив, или повеќе од 523 илјади биле странски, чиј број е зголемен за 1,3% во однос на истиот период лани..Најбројни биле гостите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија..Иако во однос на лани за 2% е зголемен и бројот на странски ноќевања во однос на минатата година, сепак еден странски турист во просек остварува помалку од две ноќевања во земјава. Туристичките водичи сметаат дека токму должината на престојот останува еден од клучните предизвици за домашниот туризам.

И додека бројот на туристи во земјава расте, предизвикот останува ист. Како Македонија да не остане само попатна станица, туку место во кое што туристите ќе се задржуваат подолго и ќе најдат причина повторно да се вратат..

Природата, културното наследство и гостопримството се само дел од она што најмногу ги воодушевува странските туристи, вели претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавранов. Но вели, позитивните впечатоци понекогаш остануваат во сенка да проблемите со хигиената и слабата инфрастуктура која води до најпосетуваните туристички дестинации во земјава. Токму овие проблеми се оние на кои надлежните институции треба да посветат повеќе внимание, смета Карванов.

„ Вие ако сакате да стигнете на Матка во сабота или недела, тоа е мисија невозможна, затоа што таму има многу автобуси, па не може да се заврти, па дури не може ни да се стигне. И сега сето тоа го занемаруваме со останатите убавини коишто се секогаш пред нас. Во најголем случај си одат задоволни меѓутоа не исклучуваат да забележат дека има ѓубре, дека влезот на Старата скопска чаршија е руиниран долу на патосот и така натаму и така натаму. Во летно време кога ќе го пројдете Камениот мост тука мириса.. Ние го пишуваме тоа на разни места, го пријавуваме, меѓутоа дојдовме до сознание дека се додека за тие работи се грижат во институциите лојални, а не компетентни лица, се дотогаш ние ќе имаме глуви уши.“

Сепак, Кавранов вели дека Македонија е меѓу најповолните туристички дестинации во Европа, а нивните искуства покажуваат дека туристите цените ги оценуваат како пристапни..Особено позитивни впечатоци вели, оставаат домашната храна и вино, гастономски потенцијал кој според него државата треба многу повеќе да го искористи во промоцијата на Македонија како туристичка дестинација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заглавија платите во градинките: Администрацијата бара одговор за ветеното покачување од април

Каде заглави ветеното зголемување на платите за административците во градинките договорено во април? 

Заглавија платите во градинките: Администрацијата бара одговор за ветеното покачување од април

Административните работници во градинките никако да го добијат ветено зголемување на платите. Тие преку допис до медиумите побараа министерството за социјална политика и Сонк да се изјасната зошто нема зголемување на нивните плати иако на први април се објави дека е постигант договор платите да им се зголемуваат по 7% годишно во следните три години. Во псимото тие напишаа.

„Административните работници се составен и неопходен дел од функционирањето на јавните детски градинки. Иако не работиме директно со децата во воспитно-образовниот процес, без нашата работа не може да се обезбеди нормално, организирано и законито функционирање на установите. Не бараме привилегии. Бараме еднаков, правичен и фер третман. Нашата работа има вредност. Нашиот труд заслужува почит и нашата работа заслужува соодветно вреднување.“

Првиот човек на Сонк Јаким Неделков за Канал 5 вели дека техничките детали околу колективниот договор се веќе усогласени и дека се чека финална согласнот од Министерството за финансии за да се потишат колективните договори. Заради доцнењето со исполнувањето на договореното зголемување на платите објаснува дека е договорено со министерствот за социјална политика зголемувањето за 2026 наместо 7% да биде по 8% како компензација и покачувањето наместо од март следнта година да започне да важи од јануари.

И од Министерството за социјална политика потврдуваат дека договорот е постигнат и дека е составен нов колективен договор со измените кој на 9 ти сепетември е испратен во министерството за финансии за согласност.

Инаку административните работници во градинките се меѓу последните кои добиваат зголемување на платите. Тие веќе неколку години наназад немаа згоелмуавње на платите како останатите администартивни работници во земјава заради што падна договор со новите колектвни договори да добијат дополнителни 7% зголемување во следните 3 години за да се приближат со платите на останатите административни работници

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протестен марш во Скопје за поранешните водачи на ОВК кои беа осудени во Хаг

Во Скопје попладнево се одржува протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК, кои беа осудени за воени злосторства.

Протестен марш во Скопје за поранешните водачи на ОВК кои беа осудени во Хаг

Маршот е најавен како натпартиски, но од владиниот коалиционен партнер ВЛЕН сметаат дека зад него стои ДУИ...

Маршот го следи Афродита Рамос.. Афродита, како тече протестот и кој е сѐ присутен?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер