Вучиќ: Да не ни го направеа ова, ќе бевме најбрзорастечка економија во Европа (ВИДЕО) - Канал 5

Вучиќ: Да не ни го направеа ова, ќе бевме најбрзорастечка економија во Европа (ВИДЕО)

Претседателот Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните собрани на големиот народен собир „Србија не ја даваме“ во Белград!

Вучиќ: Да не ни го направеа ова, ќе бевме најбрзорастечка економија во Европа (ВИДЕО)

Вучиќ беше пречекан со громогласен аплауз и извици „Ацо Србине“ заедно со невидена кореографија со факели, објави Телеграф.

- Најпрво сакам бескрајно да ви се заблагодарам за овој прекрасен ден. Ви благодариме браќа и сестри од КиМ што дојдовте во Белград да покажете колку го сакате главниот град. Благодарам и од Република Српска. Ви благодариме од другите делови на Србија и благодарам на Белграѓани за големата поддршка - рече Вучиќ на почетокот на своето обраќање.

YouTube video

Вучиќ истакна дека Србија не се откажала од својата политика без оглед на сите притисоци во претходните 13 години.

– Да не ни го направеа ова, ќе бевме најбрзо растечката економија во цела Европа – рече претседателот.

Вучиќ пред почетокот на собирот им се заблагодари на граѓаните од цела Србија кои дојдоа во Белград. Претседателот објави фотографии на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ на кои се гледа платото пред зградата на Народното собрание и околните улици преполни со луѓе пред почетокот на централниот митинг.

- Благодарам Србија - рече Вучиќ.

Тридневниот собир, за потсетување, започна во петокот во 17 часот со дефиле на знамиња, предводено од најголемото српско знаме во историјата, долго 200 метри, кое заедно со граѓаните го донесе претседателот Александар Вучиќ.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер