БалканВучиќ апелираше до Кина да влијае да се стави крај на насилството врз Србите на КосовоАмбасадорката Чен рече дека за официјален Пекинг ситуацијата на Косово е многу загрижувачка.Претседателот на Србија Александар Вучиќ на средбите со кинескиот и рускиот амбасадор, апелираше до Кина да влијае на меѓународната заедница со својот огромен меѓународен углед за да се постигне итен прекин на насилството врз Србите и да се обезбеди мир и безбедност на Косово, додека од Русија побара итно усвојување и спроведување на мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите на Косово, јави допсиникот на МИА од Белград. „Апелирав до моите пријатели од Кина да влијаат на меѓународната заедница со нивниот огромен меѓународен углед за да се постигне итен прекин на насилството врз Србите и да се обезбеди мир и безбедност на Косово“ напиша Вучиќ на Инстаграм профилот по средбата со кинеската амбасадорка во Србија, Чен Бо. Како што соопштија од службата за медиумска соработка на српскиот претседател, Вучиќ изјавил дека „ваквото однесување на привремените институции во Приштина одржува постојани тензии во целиот регион и ја оцени како неприфатлива состојбата на постојан страв и загриженост во која живее српската заедница на Косово“. Амбасадорката Чен рече дека за официјален Пекинг ситуацијата на Косово е многу загрижувачка. -Забележавме дека Вие претседателе, и Владата на Република Србија направивте многу за смирување на тензиите. Кинеската страна ги поддржува напорите на Србија за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и се спротивставува на едностраните дејствија на привремените институции во Приштина, кои ги повикува да ги исполнат своите обврски, рече кинеската амбасадорка. Според соопштението, Чен Бо потсетила на изјавата на кинеското Министерство за надворешни работи, во која се повикува НАТО искрено да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна и со амбасадорот на Русија, Александар Боцан-Харченко, при што рече „дека бара итно усвојување и спроведување на мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите на Косово, што е предуслов за какви било понатамошни разговори со претставниците на привремените институции во Приштина“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот. Тој додаде дека ваквото однесување има за цел да ги подигне тензиите во целиот регион, поради што побара итно повлекување на специјалните единици на Курти и реакција од меѓународната заедница која ќе ја гарантира безбедноста на Србите на Косово. Амбасадорот на Руската Федерација посочи дека официјална Москва ги следи сите настани и ќе ги пренесе сите информации што ќе му бидат презентирани денеска, нагласувајќи дека ја разбира сета деликатност на ситуацијата и дека го забележува зголемувањето на агресивноста на Приштина, што може да има сериозни последици. -Москва има најсериозен пристап во следењето на развојот на ситуацијата и разбираме дека ваквиот развој може да предизвика сериозна криза, дури и експлозија во целиот регион, рече амбасадорот Боцан-Харченко. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси рагбистка воодушеви со облинитеРагбистката Џејми Чапман успеа да го маѓепса голем дел од машкиот свет со својата модна комбинација за време на доделувањето на наградите „Dally M“ во 2024 година. На свечената церемонија атрактивната Џејми се појави во црн фустан од тантела што совршено ги следеше линиите на нејзиното тело и ги истакна нејзините бујни гради. Провокативната тоалета се одликуваше и со длабок шлиц, а не смееме да го изоставиме ниту фактот дека нејзините прекрасни облини дојдоа до израз во оваа заводлива креација. Dayummmm!! 💓 Btw: she is Australian Rugby player Her name: Jaime Chapman https://t.co/zwQUjRxZJR — HollywoodCave (@HollywoodCave) October 9, 2026 Во 2024 година, таа предизвика вистинска помпа на церемонијата на доделување награди, а судејќи според најновите објави на X, повторно поттикна лавина од коментари и реакции кај машката публика. Нејзините фотографии од таа вечер повторно се актуелни на социјалните мрежи и масовно се споделуваат на X. Инаку, Чапман е една од препознатливите фигури во женското рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за тимот „Голд Коуст Тајтанс“ во женската конкуренција на Националната рагби-лига (NRL), а настапува и за „Твид Хедс Сигс“ во женската рагби-лига на Квинсленд. Исто така, таа ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и деловниот живот, при што посебно внимание привлекуваат оние од атрактивните модни публикации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook