Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател - Канал 5

Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ на предизборниот митинг на Српската напредна партија (СНС) во Смедерево изјави дека, доколку опозицијата победи на изборите, тој повеќе нема да биде претседател.

Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател

-Ја прифатив честа да бидам носител на оваа изборна листа бидејќи ќе сносам најголема одговорност. Дали навистина мислите дека е можно јас да бидам претседател, а премиерот да биде еден од тие што ја уништија државата? Можно е тие да бидат премиери. Ако победат на изборите ќе им дадам мандат. Но, не сакам повеќе да бидам претседател, бидејќи после тоа не можам ништо да направам за граѓаните на Србија. И сакам луѓето во Србија да го знаат тоа. Да се преправам дека сум претседател за да имам чанта, машна, секретарка и да се чувствувам добро, а на народот да му биде лошо - нема тоа себеси да си го направам. И јас не сакам да бидам претседател, им порача Вучиќ на насобраните на митингот на неговата партија.

Според него, граѓаните не гласаат само за листа на пратеници, туку и за свој претседател.

-За или против мене, баш како што тие велат, рече Вучиќ на промоцијата на изборната листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“.

Во Србија на 17 декември ќе се одржат вонредни парламентарни, покраински, локални и избори за градот Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

На лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт

Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно.

Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари.

Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно.

Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар.

Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари.

Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно.

Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ.

Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе.

Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Музичка програма за сите генерации на карпошовото културно лето

Втората вечер од 17. издание на Карпошовото културно лето, на плоштадот „Делфина“, понуди разновидна музичка програма за сите генерации. 

Музичка програма за сите генерации на карпошовото културно лето

Вечерта започна со настапот на најмладите членови на детскиот фестивал „Поточиња“, кои со своите песни внесоа посебна атмосфера и ги забавуваа најмладите посетители. Пред присутната публика настапи и „Пензионерски хор Карпош“, кој со изведба на македонски фолклорни песни придонесе кон негување и промоција на традиционалното музичко творештво. Музичката програма продолжи со настапот на „Тумбао Салса Бенд“, предводен од Петар Реџов, заедно со познатиот македонски музичар Сашо Гигов – Гиш.

Тие пред бројната публика изведоа авторски песни и македонски музички евергрини, создавајќи енергична и позитивна атмосфера. На втората вечер од манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и членови на Советот на Општина Карпош, кои заедно со граѓаните уживаа во музичката програма.

Во рамки на 17. издание на Карпошовото културно лето, годинава за првпат се реализира програмата „Кино на отворено“, наменета за сите љубители на филмската уметност. Програмата започна со проекција на филмот „Приказна за Силјан“, која се одржа во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“. До 27 август, секоја вечер од 20:00 часот, граѓаните ќе имаат можност секоја вечер да проследат филмски проекции на македонски филмови под отворено небо. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма исполнета со музика, уметност, култура и содржини за сите генерации.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедност

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. 

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија искачи 29 места на светската ранг-листа за сајбер-безбедност

Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59 на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени.

Владата донесе нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвои Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакна механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти.

Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи.

Ова е конкретен резултат од реформите и голем чекор кон модерна и безбедна дигитална држава, во интерес на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер