Вучевиќ: Владата има различни ставови за проектот Јадар - Канал 5

Вучевиќ: Владата има различни ставови за проектот Јадар

Владата има различни ставови за проектот Јадар, но со претседателот за ова нема дисонантни тонови.

Вучевиќ: Владата има различни ставови за проектот Јадар

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека нема дисонантни тонови меѓу претседателот на Србија и членовите на Владата во однос на проектот Јадар, но и да во Владата има различни ставови за овој проект, наведувајќи дека не е фер да каже за кои министри станува збор, како и дека „не може да исклучи ниту една опција“, јави дописникот на МИА од Белград.

- Нема поделба меѓу кабинетот на претседателот и владата и различните ставови, а дали сите го поддржуваат, сигурен сум дека не, но ставот на владата е дека треба да разговараме. Ние сме пријатели пред сè, делиме исто вредности, имаме исти политички цели. За проектот Јадар може да слушнете различни ставови, но ништо нема да направиме без да разговараме со претседателот, и ништо нема да направиме преку ноќ, изјави Вучевиќ за РТС.

Тој нагласи дека „не постојат никакви дисонантни тонови“ меѓу Вучиќ и Владата, барем додека тој ја води, наведувајќи дека тие се пријатели и делат исти политички цели.

Вуќевиќ најави дека ќе има разговори со народот, пред сè во оној дел на Србија каде се споменува дека ќе се ископува литиум, но не сакаше да потврди кога ќе почнат тие разговори.

Тој посочи дека „несомнено е дека ова што ни се случува, покрај домашната и странската кујна, има влијание од сите страни, бидејќи тука се спротивставуваат многу интереси“, наведувајќи дека тие што го донесоа Рио Тинто во Србија ги злоупотребуваат граѓаните.

- Тоа го организираа оние кои сакаат политички промени во Србија без избори, но и некои од надвор од сите географски страни на светот, рече Вучевиќ, наведувајќи дека тие се „и од запад и од исток“.

- И од исток, кои мислат дека со тоа ќе се оддалечиме од некакви партнерски односи. Но тој став е нелогичен, па претпоставувам дека ќе дојдат оние што се целосно против вас, па ќе ви бидат подобри од нас … а потоа ќе дојдат тие што целосно ќе ги расипат односите со вас, рече Вучевиќ, оценувајќи дека никој нема да успее да ја урне државата Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми

Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.

Видео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми

Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ.

Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади.

За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Светската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени).

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот.

„Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“

Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена.

Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме.

Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи.

„Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА.

Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.

Земјотрес во Италија близу Неапол,  21 повреден, двајца во критична состојба (

Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“.

Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси.

Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер