Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено - Канал 5

Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека секој има право на собири и да го каже своето мислење, но дека насилството и блокирањето на животот не е дозволено, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено

По повод синоќешниот протест во Белград против ископот на литиум, Вучевиќ истакна дека компанијата „Рио Тинто“ пред 23 години ја донеле во Србија оние кои ги организираат протестите и кои се кријат зад нив.

- „Рио Тинто“ не падна во Србија пред два дена и не се појави од ведро небо. Па, „Рио Тинто“ не го измислил Александар Вучиќ, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека правото на искажување став мора да му се дозволи на секого, но да нема блокирање на животот и прекршување на законот.

- Доколку го прекршите законот, ќе одговарате. Очекувам обвинителството да ги гони сите што го направија ова. Исто како што би ме гонеле мене и министерот Гајиќ и сите вас што сте овде денеска, ако блокираме. Замислете ние денеска да блокираме некоја улица во Париз или ако ја блокираме брзата железница меѓу Париз и Стразбур. Тоа не е дозволено, тоа е насилство, изјави српскиот премиер кој се наоѓа во Париз на затворање на Олимписките игри.

Вучевиќ изјави дека демократијата е изразување на ставови, но дека не е примена на насилство.

- Мораме да ја заштитиме државата и да не дозволиме некој да ни ја одземе државата, да ни ја одземе слободата и неспорно повторувам дека тука има вмешано прсти и странскиот фактор. И тоа не е теорија на заговор и не е нешто што треба да го кажеме за луѓето наводно да би се загрижиле. Би рекол дека дури и оние кои би можеле да имаат економски интерес за ископ на јадарит би сакале да го видат Александар Вучиќ ослабен преку спроведувањето на овој проект, додаде Вучевиќ. /МИА

Наречението на новиот архијереј Дебарско-кичевски, Георгиј, на 12 јули на Плаошник

Хиротонијата следниот ден во „Света Софија“.

Наречението на новиот архијереј Дебарско-кичевски, Георгиј, на 12 јули на Плаошник

Наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј, ќе биде извршено на 12 јули, Петровден, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид со почеток во 17:00 часот, соопшти кабинетот на Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.

Хиротонијата и востоличување на новиот митрополит Георгиј, ќе биде следниот ден, на 13 јули, на Божествена литургија во Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

МПЦ-ОА ги повикува верниците да земат молитвено учество на, како што посочуваат, овие големи и бележити настани на нашата света црква.

Светиот архијерејски синод МПЦ-ОА, на својата редовна седница во полн состав, на 12 јуни годинава едногласно го избра архимандритот г. Георгиј (Ѓорѓевски) за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, како налседник на блажено упокоениот митрополит Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Отец Георгиј беше единствен кандидат за оваа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Митрополитот Георгиј е роден во Скопје во 1968 година. Завршил богословски студии во Скопје, а магистрирал и докторирал во Рим, на Папскиот универзитет „Грегоријана“. Има богато академско и црковно искуство, вклучувајќи и дипломатска служба како амбасадор на Македонија при Светата Столица. Автор е на неколку книги и научни трудови, а активно учествува во преведувачки и издавачки проекти на Светото писмо.

Полуфинале за Швјонтек и Бенчиќ на Вимблдон

Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ изборија пласман во полуфиналето на Вимблдон откако во денешните четвртфинални дуели оставрија победи од 2:0 во сетови.

Полуфинале за Швјонтек и Бенчиќ на Вимблдон

Полската тенисерка Швјонтек ќе го игра своето трето полуфинале на Грен слем турнирите оваа година и прво полуфинале на Вимблдон откако со 2:0 (6:2 и 7:5) ја совлада Људмила Самсонова.

Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде Белинда Бенчиќ, која ги доби двата тај брејка против Мира Андреева 2:0 (7:6(3) и 7:6(2)). За Бенчиќ ова е второ Грен слем полуфинале откако на УС опен 2019 беше дел од најдобрите четири тенисерки.

Во второто полуфинале утре ќе играа Арина Сабаленка и Аманда Анисимова./МИА

Мицевски: Заседава Координативното тело, Владата има луѓе и механизација за да се справи со пожарите

По паузата од еден час што ја побара, координаторот на СДСМ Оливер Спасовски рече дека не било прифатено нивното барање претседателот на Собранието Африм Гаши веднаш да дојде во Парламентот и да свика ад хок координација за состојбата со пожарите.

Мицевски: Заседава Координативното тело, Владата има луѓе и механизација за да се справи со пожарите

-Очигледно не се прифаќа нашиот предлог за ад хок координација, и тоа е уште еднаш игнорантски однос. Собранието треба да покаже поодговорно однесување, рече Спасовски, додавајќи дека во ваква ситуација кога „гори насекаде во државата“ бесцелно е да дискутира.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска рече дека претседателот Гаши не е во можност да дојде зашто е на службено патување, а координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурално обраќање посочи дека во Владата заседава Координативно тело за справување со пожарите, кое го свика премиерот Христијан Мицкоски, и, рече, „се договараат што да направат“.

-Бидете убедени дека Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има, имајќи превид дека на територија на Република Македонија има голем број пожари и ветрот прави дополнителен проблем. Не е оправдување дека Собранието треба сега да заседава. Штом ќе достави Владата, или ние ако имаме законско решение, може да се собереме и да го изгласаме, рече Мицевски.

Додаде дека не може да сфати „парадокс“ - на ден на опозициски прашања во Собранието сите три опозициски пратенички групи да бараат по еден час пауза „за да не се одржат прашањата“.

-Да бидеме поефикасни и да не се случува овој парадокс, рече Мицевски. Се согласува со забелешката за неприсуството на министри за да одговараат на прашања, но, рече, „и тие што беа тука си отидоа заради ова тргни – застани“.

Прашања поставија пратениците што останаа присутни во собраниската сала -Елми Азири, Халил Снопче и Дијана Тоска.

притисни ентер