Приштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и Украина
44-годишен мотоциклист загинал кај Брајчино, мотоциклист од Албанија тешко повреден на патот Гостивар-Кичево
1Приштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и Украина
244-годишен мотоциклист загинал кај Брајчино, мотоциклист од Албанија тешко повреден на патот Гостивар-Кичево
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче против независноста: Не можат да го избришат сопствениот срам и да се надминат
БалканВучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во ВладатаДачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата.Претседателот на СНС и мандатар на новата српската Влада, Милош Вучевиќ по седницата на Претседателството на партијата ги презентираше кадровските решенија на новата Влада на Србија. Ивица Дачиќ пак ќе биде министер на полицијата, Вулин се враќа во Владата, нов шеф на дипломатијата е досегашниот српски амбасадор во САД Марко Ѓуриќ, додека Братислав Гашиќ од МВР се сели во министерството за одбрана, јави дописникот на МИА од Белград. -Денеска на седницата на Президиумот на СНС одлучивме за повеќе прашања и теми. Поднесувам барање седницата на Собранието да се одржи утре. Ќе ви го прочитам предлог составот на Влада, рече Вучевиќ. „Синиша Мали-вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ-вицепремиер на Србија и министер за заштита на животната средина, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министер за правда, Братислав Гашиќ министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министер за евроинтеграции, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министер за образование, Златибор Лончар-министер за здравство, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа рече Вучевиќ и додаде: „Милан Кркобабиќ – министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ, министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор, рече Вучевиќ. Тој кажа и дека поранешната министерка за култура, Маја Гојковиќ, ќе биде кандидат за нов претседател на Владата на Војводина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Технологија„OpenAI“ го запира новиот модел на вештачка интелигенција: Дали е премногу моќен и опасен?„OpenAI“ вели дека неговиот нов модел „Astra“, кој е во развој, би можел да има „критични“ способности за сајбер безбедност.„OpenAI“ соопшти дека привремено ги суспендира „внатрешните активности“ поврзани со моделот „Astra“, кој моментално е во развој, бидејќи сè уште не ги исполнува новите безбедносни стандарди што ги воведува компанијата. Соопштението доаѓа по неодамнешното откритие дека моделите на „OpenAI“ случајно ја хакирале платформата „Hugging Face“. Во меѓувреме, „Anthropic“ и „Meta“ исто така признаа дека имаат модели на вештачка интелигенција кои излегле од контрола и провалиле во системите на други организации. Неодамнешните внатрешни проценки на моделот „Astra“ покажуваат дека тој носи „значаен напредок во кодирањето на агенти и сајбер безбедноста“, соопшти компанијата. „Овие резултати, заедно со експертските проценки, нè доведоа до заклучок дека не можеме да го исклучиме постоењето на критични способности за сајбер безбедност во рамките на нашата Рамка за подготвеност“. Еве како „OpenAI“ го дефинира „критичниот“ праг на сајбер безбедност: „Според нашата рамка за подготвеност, моделот го достигнува критичниот праг на сајбер безбедност ако може да идентификува и распореди функционални ранливости од нулти ден (непознати безбедносни недостатоци) од сите нивоа на сериозност низ повеќе заштитени, критични системи во реалниот свет без човечка интервенција или ако може да дизајнира и изврши комплетни (од крај до крај) нови стратегии за сајбер напад против заштитени цели, врз основа на една единствена, општа цел.“ „Astra“ „не беше вклучена“ во нападот „Hugging Face“, тврди „OpenAI“. „OpenAI“ ќе имплементира построги безбедносни контроли за модели со повисоки капацитети и поврзани активности, се вели во соопштението. На „Astra“, исто така, ѝ е даден „универзален надзор“ за ризични дејства и отстапувања од предвиденото однесување низ сите распоредувања на агенти. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: OpenAI Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПриштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и УкраинаУкраинското знаме беше отстрането од центарот на Приштина по посетата на Володимир Зеленски на Белград. Потегот доаѓа откако украинскиот претседател потврди дека Киев не го менува ставот за непризнавање на Косово. Знамето стоело на фасада во центарот на градот околу 4 години. Било поставено како знак на солидарност со украина по почетокот на руската инвазија. Реагираше и Тирана. Албанското МНР во соопштението вели дека секој обид да се повлече паралела или да се создаде равенка помеѓу Косово и која било друга меѓународна ситуација е погрешен, опортунистички и длабоко погрешен. Министерството се повикува на советодавното мислење на меѓународниот суд на правдата, според кое декларацијата за независност на Косово не го прекршила меѓународното право.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроника44-годишен мотоциклист загинал кај Брајчино, мотоциклист од Албанија тешко повреден на патот Гостивар-КичевоУтрово се случиле две тешки сообраќајни несреќи во кои насрадале мотоциклисти.Според информациите од МВР, на влезот во село Брајчино, ресенско, 44 годишен жител на Љубојно, управувајќи мотоцикл изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата тој се здобил со тешки повреди, од кои починал на самото место. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со мотоцикл излетал и 29-годишник од Албанија, кој изгубил контрола и паднал во близина на каменолом на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Тој бил донесен во ургентниот центар во Гостивар каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Тагови: мотоциклист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05