ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
1ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
БалканВучевиќ: Експлозијата кај Ибар-Лепеница требаше да биде изговор за КБС да влезе во С.КосовоЕксплозијата на каналот Ибар-Лепеница требаше да биде изговор КБС да влезе во северниот дел од Косово. Претседателот на Владата на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека експлозијата на каналот Ибар-Лепенац била лоша режија на косовскиот премиер Албин Курти, што имала за цел да им овозможи на припадниците на Косовските безбедносни сили (КБС) да влезат на северот на Косово, пренесе Бета. Тој во гостувањето во Дневник на РТС утрово оцени дека нема конкретни докази дека Србија е вмешана во тоа. „Тој настан требаше да послужи како изговор Курти да ја воведе КБС на север. Сепак, КФОР го отфрли неговото барање и тоа треба да се каже чесно“, нагласи Вучевиќ. Тој посочи и дека ќе биде интересно да се слушне што имаат да кажат пратениците на Квинта и на Европската унија за сето ова, како што наведе, особено по забраната за учество на пратениците од Српската листа во работата на косовскиот парламент. „Да видиме што ќе кажат меѓународните претставници. Што ќе кажат од Квинта и ЕУ. Дали се тоа европски вредности? Дали позитивно ќе го оценат развојот на демократијата и институциите“, праша Вучевиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градотСилна песочна бура го зафати Истанбул вчера.Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ilk defa oluyor. #istanbul #fırtına #sel pic.twitter.com/0cNitLhBJg — Murat Sagman (@muratsagman) July 22, 2026 Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“. Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“. Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето. Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот. Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил. #İstanbul #İstoç’da saniyelik #fırtına pic.twitter.com/Gjjkh9ke6J — Her_Branşta_Beşiktaş (@Her_Bransta_BJK) July 22, 2026 Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени. Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водатаПо Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби. Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛионел Меси најавил повлекување?Аргентински новинар близок до фудбалерот предизвика хаос со својата изјава! Тој повторно се огласи.Многу светски медиуми ја пренесоа ексклузивната изјава на Кастиљо дека Меси, по финалето, во соблекувалната им кажал на соиграчите оти тоа бил неговиот последен натпревар за Аргентина. Фудбалскиот свет сè уште ја очекува одлуката на Лионел Меси, кој размислува дали да продолжи да игра за Аргентина. Меси го напушти финалето на Светското првенство во солзи, што многумина го протолкуваа не само како пораз, туку и како збогување. Во таква ситуација, информацијата на познатиот аргентински новинар Ернан Кастиљо, кој е многу близок до самиот Меси, одекна како гром од ведро небо. Многу светски медиуми ги пренесоа зборовите на Кастиљо, кои беа ексклузивни, дека Меси им рекол на своите соиграчи во соблекувалната по финалето дека тоа е неговиот последен натпревар за Аргентина. Меси одржа емотивен говор во кој објави дека се збогува со националниот дрес. Веста се прошири со брзината на светлината на социјалните мрежи, а токму кога сите веќе го сумираа учинокот на Меси во националниот тим, повторно се огласи Ернан Кастиљо. Кастиљо изјави дека Меси им рекол на соиграчите во соблекувалната: „Ова може да биде мојот последен натпревар“, ублажувајќи ја првичната категорична изјава.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter