БалканВучевиќ: 14 повредени лица од Македонија се згрижени во српски здравствени установиСрпскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ денеска изјави дека 14 државјани на Македонија повредени во вчерашната несреќа во Кочани се на лекување во Србија.Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ денеска изјави дека 14 државјани на Македонија повредени во вчерашната несреќа во Кочани се на лекување во Србија, јави МИА од Белград. Вучевиќ додаде дека имал средба со вицепремиерот на Македонија, Иван Стоиљковиќ кој му се заблагодарил на српскиот претседател Александар Вучиќ и на српскиот народ за помошта и грижата што Србија ја дели со Македонија. „Уште еднаш, во името на Владата на Србија, на сите граѓани на Република Србија, сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младите кои загинаа во катастрофата во Македонија, сочувство до сите граѓани на Македонија, македонскиот народ и владата на Македонија. Штотуку ја завршив средбата со вицепремиерот на Македонија, Иван Столиковиќ, кој ме информираше за најновата ситуација, односно она што досега им е познато на македонските власти. Иван, во името на македонската влада, граѓаните на Македонија, му се заблагодари на претседателот на државата Србија, на нашиот народ, Владата на Србија, за помошта и грижата и сочувството што Србија искрено ги споделува со македонскиот народ“, рече Вучевиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook