Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија
2Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија
Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
2Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
Олимписки игриВторото тренинг пливање на триатлонците на Олимпијадата откажано поради квалитетот на водата Второто тренинг пливање на триатлонците на Олимпијадата откажано поради квалитетот на водата во Сена.Второто тренажно пливање на триатлонците на Олимпијадата во Париз е откажано поради нечиста вода во Сена, објави прес-службата на организацискиот одбор на Игрите. Пливачкиот дел од триатлон требаше да се одржи во понеделник, 29 јули. Сепак, олимпискиот организациски комитет, Меѓународната триатлон федерација и локалните власти сметаа дека нивото на квалитетот на водата не дава доволно гаранции. Ден претходно организаторите донесоа слична одлука. - Тренингот за триатлон во Сена е откажан. Реката е загадена поради дождовите, стоеше во соопштението. Пливањето во Сена е забрането од 1923 година. Ѓубре, токсичен отпад и отпадни води се фрлаат во реката со децении. Олимписките игри во Париз започнаа на 26 јули, а ќе завршат на 11 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизДубиоза Колектив: „I am from Bosnia - we will play against America?“Групата Дубиоза Колектив од БиХ објави кратка, но јасна порака на социјалните мрежи по победата на БиХ против Катар.Заедно со емотикон од фудбалска топка, бендот напиша: „ I am from Bosnia - we will play against America?“ (Јас сум од Босна - ќе играме против Америка?) . Ова е јасна алузија на нивната хит песна, неофицијалната химна на Змејовите, чиј текст гласи „I am from Bosnia, take me to America“. Бендот го следеше натпреварот заедно, а по победата го отсвирија хитот што деновиве се пушта во САД. Би-Би-Си пишува и за песната Една од најпознатите песни на Дубиоза Колектив неодамна доби нов живот, благодарение на настапот на Босна и Херцеговина на Светското првенство. Текстот „ I am from Bosnia, take me to America “ одекнува низ целиот свет, а беше особено гласен пред и за време на натпреварот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина против Канада во Торонто, каде што навивачите на БиХ ја пееја песната на улиците, плоштадите и трибините. Ритмовите на популарниот бенд од Босна и Херцеговина можеа да се слушнат не само низ цела Босна и Херцеговина, туку и во Торонто, каде што навивачите организираа вистински фудбалски фестивал. Заразната атмосфера брзо се прошири низ социјалните мрежи, а особено е интересно што песната го привлече вниманието и на странските медиуми. Најдобар доказ за ова е објавата на британскиот Би-Би-Си, кој сподели видео на социјалните мрежи посветено на навивачката еуфорија создадена околу оваа песна. Во видеото, навивачите на БиХ можат да се видат како пеат познати стихови од своите домови, заедно со снимки од оригиналното колективно видео на Дубиозе и снимки од големата прослава пред Вечниот пламен во Сараево по победата над Италија и квалификациите за Светското првенство. Нагласувајќи колку лесно се памти и шири песната, Би-Би-Си во описот на видеото напиша: „Оваа неофицијална песна од Светското првенство од босанскиот рок бенд Дубиоза колектив е многу заразна“. Така, песната, заедно со настапот на „Змејовите“ на Светското првенство, стана уште еден симбол на големиот фудбалски ентузијазам што се чувствува меѓу навивачите на БиХ овие денови. Од Сараево до Торонто, текстовите на колективот Дубиоза ја придружуваат репрезентацијата и создаваат атмосфера препознаена од светските медиуми. Извор: Б92Тагови: БиХ Дубиоза Колектив Светско првенство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
МакедонијаМинчев: Академијата за административни службеници влегува во завршна фаза на подготовкаАкадемијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните службеници“, на која беа презентирани резултатите од досегашните активности, предлог-моделите за организација на Академијата и развојот на програмите за обука. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Поддршка за воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“, што Министерството за јавна администрација го реализира заедно со Центарот за управување со промени, со поддршка на Амбасадата на Република Франција. Министерот Минчев нагласи дека по усвојувањето на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Министерството за јавна администрација влезе во нова фаза, односно создавање на сите предуслови за Академијата да започне со работа како централна институција за професионален развој на административните службеници. Во своето обраќање министерот посебно се осврна на поддршката од Француската амбасада и француските институции, оценувајќи дека размената на искуства и добри практики претставува значајна помош во градењето на современ и одржлив систем за обука на јавната администрација. „Нашата цел е од наредната година да започне целосната примена на Законот, а Академијата да стане централно место каде што административните службеници ќе ги надградуваат своите знаења, вештини и компетенции. Уверен сум дека ќе создадеме институција која ќе биде пример за професионалност, квалитет и одржливост“ истакна министерот. Академијата за административни службеници претставува еден од најважните столбови на реформата на јавната администрација, место каде што знаењето ќе се претвора во подобри институции, а подобрите институции во поквалитетни услуги за граѓаните. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергијаПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија. „Јас сум убеден дека овој проект Чебрен и Галиште има стратешко значење, не само заради производство на електрична енергија, туку и за други намени. Да споменам дека во април месец оваа година, за прв пат после не знам колку време, производството на електрична енергија покрива 88,8% од вкупниот конзум кај нас, значи ние се приближуваме веќе до целосно да можеме да го покриваме она кое што го трошиме од аспект на електрична енергија, а рековме цел на оваа влада е во мандатот да имаме година кога ќе бидеме нето извозник, на крај на годината кога ќе се сумираат билансите, тоа што сме го произвеле и тоа што сме го консумирале и тоа што сме го извезле да биде споредливо, односно да извезуваме електрична енергија, тоа беше целта како влада и ценам дека тоа го правиме“, посочи премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски воедно додаде дека состојбата во ЕЛЕМ е консолидирана од 7-8% акумулации и минус 150 милиони евра сега ќе оди во плус десетина и околу 80% состојба на акумулации и тоа во ек на сезона на наводнување, што значи се работи посветено, а на тоа се додава и фактот дека следната година ќе заврши гасниот интерконектор со Грција, објавен е тендерот за интерконекторот со Србија, пуштен е продуктиводот од солунското пристаниште со ОКТА, а ги заживуваат Штип-Велес гасоводот, гасоводот до Кичево, отсечката за влез до Косово, и го рестартиравме далноводот со Албанија, за да буквално бидеме раскрсница на Балканот. „Кога ќе се анализира целокупната слика дојдовме до една фаза кога можеме да бидеме горди на тоа што го правиме. Она кое што за нас преставува вистински предизвик и се спремаме, тоа е проектот Чебрен и Галиште и тука имаме два концепти кои се спротивставени од правна гледна точка инаку во суштина не се, тоа е првиот да ние направиме синдикат на заемодаватели, меѓународни финансиски институции кои ќе обезбедат пари со доволен грејс период додека трае градбата, и потоа во одреден период да почнеме со поврат, односно АД ЕСМ. И вториот концепт е да одиме со јавно приватно партнерство. Лично и како човек од фелата и универзитетски професор, а сега и претседател на македонската Влада, ценам дека за првиот концепт треба да ги исцрпиме сите можности за да го реализираме, имајќи ги предвид климатските промени ценам дека не само на нас како држава и на регионот ни се потребни два вакви сериозни проекти кои ќе обезбедат дополнителни количини на вода, не само за производство на електрична енергија, туку и за наводнување да речеме на Тиквешко Поле. Ценам дека еден ваков проект повеќенаменски може да допринесе многу, трето да го заживее тој крај, Мариово, може да се развива како туристички центар. Така што овој проект Чебрен и Галиште треба да се гледа како стратешки проект, а не како проект за енергетика и производство на електрична енергија, тоа е така се сложувам ќе биде драјвер на економијата, допринесе во БДП, една милијарда и 300 милиони до 500 милиони отприлика очекуваме да чини, ќе го подобри капацитетот на електроенергетскиот систем“, потенцираше премиерот Мицкоски. Во однос на чекорите за реализација, премиерот Мицкоски на крај појасни дека се развива концептот, да се ажурираат физибилити студиите во една, како и тоа дека веќе сме во сериозни разговори и АД ЕСМ и ние како влада со потенцијални големи светски финансиски институции, од типот на Светска Банка, Европска инвестициска банка коишто би требало да направат своевиден синдикат, да обезбедат буџет и на тој начин сето тоа ние да го развиваме, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00