Второ издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019" - Канал 5

Второ издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019"

Под покровителство на Општина Охрид, а во организација на Здружението „За Трпејца со љубов" од втори до шести септември ќе се одржи второто издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019".

Второ издание на меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2019"

Годинава на колонијата ќе учествуваат шест уметници од кои четворица доаѓаат од соседните балкански држави. Во Трпејца заедно со домаќините – уметниците Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски ќе творат и гостите Дражен Конатар од Бјело Поле, Црна Гора, Јовица Костиќ од Ниш, Србија, Ѓорѓи Андонов од Ќустендил, Бугарија и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.

Колонија ќе има и едукативен карактер. Едно претпладне уметниците ќе творат заедно со учениците од подрачното училиште „Св. Наум Охридски" во Трпејца. Учесниците на колонијата ќе сликаат и на отворено, а домаќините ќе им организираат посети на Свети Наум и Охрид.

Летово во рамките на манифестацијата „На зајдисонце" во Трпејца беше организирана изложба од создадените дела на првата колонија одржана минатиот септември, а публиката можеше да ги види делата на Гоце и Владимир Илиески, Свето Стефановски, Ѓоко Симјаноски и Слободан Пупиноски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечка уби маж во САД

Еден маж беше убиен во напад на мечка завчера во Кристал, Ново Мексико.

Мечка уби маж во САД

Полицискиот оддел на народот Навахо потврди дека нивните службеници од округот Виндоу Рок добиле пријава за нападот околу 13 часот, пишува „The Guardian“.

Службениците ја застрелале мечката, која избегала во блиската шума. Полицијата подоцна известила дека го пронашле и убиле животното. „Сочувствуваме со семејството на жртвата во ова тешко време“, објави полицијата на народот Навахо на Фејсбук. Полицијата во резерватот додаде дека истражителите и службениците за заштита на дивите животни, исто така, излегле на терен. Идентитетот на жртвата и видот на мечката не се објавени.

Полицијата апелираше до граѓаните да се држат настрана од потенцијално опасни диви животни. „Ако забележите мечка, ве молиме јавете се во најблиската полициска станица“, рекоа тие. Според официјалните податоци, ова е првиот фатален напад на мечка во Ново Мексико од 2001 година.

Како што објави Асошиејтед Прес, нападот од 2001 година беше првиот таков напад во државата за сто години. Потоа почина Аделија Трухиљо, убиена во нејзината куќа од машка мечка тешка околу 115 килограми.

Еден од неодамнешните напади се случил во 2020 година во Лос Аламос, исто така во Ново Мексико. Мечката им се приближила на 37-годишната жена и нејзиниот сопруг додека седеле на терасата од планинската куќа. Таа им се приближила на помалку од половина метар, потоа почнала да ја брка жената и ја нападнала на паркингот.

Нападите од мечки се ретки

Според извештајот на властите во тоа време, таа претрпела „повеќекратни фрактури, колабирани бели дробови и повреди од каснувања и гребнатини“. KRQE објави дека жената го преживеала нападот, а властите подоцна ја еутанизирале мечката.

Фаталните напади од мечки во Северна Америка се многу ретки и се евидентираат само неколку случаи секоја година. Податоците од Северноамериканскиот центар за мечки покажуваат дека едно лице има 60.000 пати поголема веројатност да биде убиено од друг човек отколку од црна мечка. Според статистиката на Националната служба за паркови, ризикот од повреда од мечка е еден на 2,1 милиони.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Информација до граѓаните за западнонилска треска

Општина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.

Општина Карпош:  Информација до граѓаните за западнонилска треска

ЗАСИЛЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА:

Реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против поголеми комарци.

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ:

Не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци.

НЕ ДОПИРАЈТЕ МРТВИ ПТИЦИ СО ГОЛИ РАЦЕ!

Доколку забележите мртва птица, пријавете на единствениот број за итни случаи 112 или 0800 3 22 22 во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години ЕБР – „секогаш и секаде“

ЕБР одбележа 25 години постоење.

25 години ЕБР – „секогаш и секаде“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата.

Денеска во Битола Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата.

На свеченоста пред офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците.

На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов, а во рамки на одбележувањето беше изведена и тактичко-показна вежба, како и изложба на опрема која ја користи единицата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер