Второ издание на Легендите живеат вечно - Канал 5

Второ издание на Легендите живеат вечно

„Легендите живеат вечно“ - концерт посветен на нашите музички великани на 4 октомври во „Македонска Филхармонија“.

Второ издание на Легендите живеат вечно

На 4 октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи второто издание на „Легендите живеат вечно“ - Концерт посветен на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе.

Наде Талевска, Ристо Самарџиев, Ивона Јо, Тамара Волческа и други пејачи ќе ги пеат хитовите на нашите музички великани, во придружба на камерен оркестар чија интерпретација ќе допринесе за создавање на вистински магичен амбиент и тоа со сигурност ќе биде ноќ исполнета со силни емоции.

Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски-Бојс како и многу други.

Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на 4 октомври.

Картите за овој настан имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие

Кети Пери вчера го откажа својот настап на белгискиот музички фестивал Верхтер Бутик во последен момент, само неколку часа пред да се качи на сцената.

На Кети Пери во последен момент ѝ го откажаа настапот во Белгија: Немав избор, несреќна сум како и вие

Пејачката (41), која требаше да биде главна ѕвезда на вечерта, им порача на своите обожаватели на Инстаграм дека „немала избор“.

Одлуката е донесена поради безбедноста на публиката

Пери требаше да го затвори фестивалот по настапот на Питбул, но шоуто беше откажано поради лошите временски услови. „За жал, мојот настап вечерва во @WerchterBoutique не може да се одржи поради одлуката на властите да го откажат поради предвиденото лошо време и загриженоста за безбедноста на публиката“, напиша пејачката.

Таа исто така откри дека во моментот на донесување на одлуката, веќе била зад сцената и подготвена да излезе. „Бев зад сцената и се подготвував за настапот кога ми јавија за веста и ми рекоа дека настапот нема да биде можен“, додаде таа.

„Исто толку сум несреќна како и вие“, продолжи таа, истакнувајќи дека ситуацијата е „целосно надвор од моја контрола“ и дека безбедноста на посетителите е на прво место. „Жал ми е што не можам да влијаам на времето, а уште повеќе ми е жал што нема да бидеме заедно вечерва“, рече таа.

Својата објава ја заврши со разочарување што не се врати на фестивалските настапи по 2009 година. „Дури и планирав повторно да ја носам истата облека од настапот во 2009 година. Ве сакам сите и ве молам вратете се дома безбедно“, напиша таа.

Заедно со објавата, таа прикачи фотографија на која седи во пругаста тренерка и бела мантија и пуши цигара, додека облеката што планираше да ја носи остана до неа. Во официјалното соопштение на фестивалот беше наведено дека програмата ќе заврши порано, во 21 часот, поради предвидените „силни грмотевици“, а настапот на Кети Пери беше закажан еден час подоцна.

Одлуката е донесена за да се „осигура безбедно и организирано заминување на посетителите“. Пери има закажано уште неколку фестивалски настапи во текот на летото, вклучувајќи го и оној во Кардиф, Велика Британија, на 30 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Олександар Усик се откажа од сите титули и сега договара меч со легендарен боксер

Олександр Усик се откажа од шампионските појаси во тешка категорија, но тоа не значи дека завршил со големите борби во професионалниот бокс.

Олександар Усик се откажа од сите титули и сега договара меч со легендарен боксер

Според информациите презентирани од промоторот Еди Херн, украинскиот шампион сега би можел да ги вкрсти ракавиците со Деонтеј Вајлдер, поранешниот шампион на ВБЦ и еден од најсилните нокаути во модерната ера во тешка категорија.

За оваа можност Херн зборуваше за време на преносот на DAZN од боксерски настан во Бруклин, непосредно пред дуелот меѓу Ксандер Зајас и Џерон „Брада“ Енис за обединетите појаси во супер велтер категорија, навестувајќи дека договорот за потенцијален меч меѓу Усик и Вајлдер е практично блиску до реализација. Сето ова доаѓа само еден ден откако Усик официјално се откажа од титулите во ВБА, ВБЦ и ИБФ, пренесува BoxingScene.

Ваквиот потег јасно покажува во која насока сака да оди Усик на крајот од кариерата. Украинецот повеќе не е заинтересиран за задолжителна одбрана на титулата, долги преговори со федерациите и чекање задолжителни предизвикувачи. Откако двапати ги победи Ентони Џошуа, двапати Тајсон Фјури, како и Даниел Дабоу во тешка категорија, има уште неколку големи имиња од неговата ера со кои не се соочил во рингот.

Еден од нив е Деонтеј Вајлдер.

Усик и претходно изрази желба да се бори со поранешниот шампион на ВБЦ. Иако Вајлдер повеќе не е на врвот на кариерата како во периодот кога важеше за најопасен нокаут во дивизијата, неговото име се уште носи огромна тежина во светот на боксот. Станува збор за борец кој со години е симбол на тешката категорија, препознатлив по една од најразорните десни раце во историјата на модерниот бокс.

Токму затоа потенцијалниот дуел би имал јасна спортска и маркетиншка логика за Усик, кој сака да ја заврши својата ера. Вајлдер би бил последниот голем американски борец од генерацијата врвни тешкаши со кои Украинецот не ги вкрсти ракавиците, откако на неговиот список веќе беа Џошуа, Фјури и Дубоа.

Од друга страна, одлуката на Усик да се откаже од појасите покажува и дека тој повеќе не сака да биде дел од класичниот шампионски систем. Со објавувањето на титулите отвори простор за нови предизвици и борби кои немаат обврска за пласман, туку лично и историско значење.

Доколку навистина се случи дуелот со Вајлдер, тој нема да биде во игра за титули, туку за престиж и заокружување на една од најголемите кариери во модерниот бокс.

За Вајлдер тоа би било можност да се врати во центарот на вниманието на најголемата светска сцена. Иако резултатите во последните години му го ослабнаа реномето, мечот против Усик повторно би му донел борба која носи огромен ризик, но и шанса со еден удар да го промени текот на кариерата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна хеликоптер на саудиски нафтен гигант, загинаа 14 лица

Хеликоптер на саудискиот нафтен гигант „Арамко“ денеска се урна во Рас Танура, при што загинаа 14 лица, објави државната новинска агенција СПА, а пренесе „Анадолу“.

Се урна хеликоптер на саудиски нафтен гигант, загинаа 14 лица

Сите загинати се саудиски државјани, објави СПА, повикувајќи се на официјален извор од саудиското Министерство за енергетика.

Во тек е истрага за да се утврди причината за несреќата.

Рас Танура, кој се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија долж Персискиот Залив, е еден од главните центри за рафинирање и извоз на нафта во кралството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер