Втората сесијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија - Канал 5

Втората сесијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија

Земјата ви е преполна со природни убавини а во тоа има и голема економска можност – порача европскиот известувач за земјава Томас Вајц, кој се осврна и на рударството, говорејќи за животната средина во Собранието.

Втората сесијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија

Бугарскиот европратеник и поранешен министер за надворешни работи – Кристиан Вигенин од собраниската говорница рече дека иако Македонија и Бугарија напредуваат во инфраструктурното поврзување, апелираше за побрз тек на градежните активности од македонска страна на коридорот 8.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и спречување насилство

 Граѓаните беа информирани дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. 

Превентивни активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и спречување насилство

На 25.09.2026 во Велес и Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведоа превентивни активности со цел да се влијае на подигнување на свеста на возачите за ризикот од управување на возило под дејство на алкохол. Граѓаните беа информирани дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка пак, реализираа превентивна активност во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот. Во ООУ „Раде Кратовче“ и ООУ „Кирил и Методиј“ во Кочани, како и во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола, полициски службеници од СВР Штип и СВР Битола им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно.

На 24.09.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачје на општина Чашка реализираа превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство“ и ги информираа граѓаните за појавите на семејно насилство, како и за нивните права и мерки за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство, потенцирајќи им ја важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Мицкоски- Вучиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен дијалог и конструктивна соработка

Премиерот Христијан Мицксоки на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Средба Мицкоски- Вучиќ во Њујорк: Продолжуваме со отворен дијалог и конструктивна соработка

Остварив средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи.

Продолжуваме со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан, објави Мицкоски на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на УЈП предводена од директорката м-р Елена Петрова во работна посета на Унгарија

Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, беше во работна посета на Унгарија, со цел унапредување на институционалната соработка и размена на искуства со даночната администрација на Унгарија.

Делегација на УЈП предводена од директорката м-р Елена Петрова во работна посета на Унгарија

Во рамки на посетата, директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, и директорката на Националната управа за даноци и царина на Унгарија, Моника Рожен Шат, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува основа за продлабочување на соработката и континуирана размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од даночната сфера.

Соработката опфаќа размена на искуства во областа на ИТ-системите и применетите апликации, предпополнетите даночни пријави за личен доход, онлајн фискалните каси и електронските системи за фактурирање, како и поддршката на даночните обврзници преку поедноставување на административните постапки.

Посебно внимание ќе биде посветено и на примената на бихејвиорални анализи во процесите на наплата на даноците, унапредувањето на клиентската ориентираност и современите пристапи за управување со усогласеноста на даночните обврзници.

Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на методите и начините на анализа на ризик, професионалниот развој и обуката на вработените, конкретни даночни прашања, како и имплементацијата на директивите на Европската Унија поврзани со даночните администрации.

Во текот на работната посета, делегациите разменија искуства и информации за современите начини на работа и дигиталните решенија во даночната администрација, со фокус на унапредување на ефикасноста на институционалните процеси и квалитетот на услугите за даночните обврзници.

Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

УЈП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер