Втората премиера во прилепскиот театар ја враќа желната публика за нова претстава - Канал 5

Втората премиера во прилепскиот театар ја враќа желната публика за нова претстава

Утревечер прилепскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Да, инспекторе, претстава со грешки" во Режија на Синиша Евтимов.

Втората премиера во прилепскиот театар ја враќа желната публика за нова претстава

Според режисерот Евтимов, кому ова му е прва соработка со прилепскиот театар, станува збор за сценско видување на текст од тројца англиски автори, познат во светот, а упатува на тоа дека она што ни се случува околу нас, т.н. „елегантно пропаѓање", видено е на спечифичен, хумористичен начин.

– Ова е наша прва соработка со прилепскиот театар и одлично е. Тука сум со идеја да направиме заедно нешто што ќе остане, за публиката, за театарот. Живееме во време во кое елоквентно и елегантно се распаѓаме. А ако е така, барем да биде на „журка" до крај. Тоа е идејата на оваа претстава која се вика „Да, инспекторе, претстава со грешки, базирана на современ англиски текст кој е познат во светот. Ние направивме наша верзија. Станува збор за тројца автори на текстот. Ако треба да се каже за претставата кратко, тоа е мој поглед на она што ни се случува во градов, во држава, во светов, воопшто. Мислам дека живееме во време во кое сите се гледаме в очи и се лажеме дека сѐ е добро и дека одиме понатаму, а во принцип, отмено пропаѓаме. И ако пропаѓаме, тоа, барем, да биде со смеење. Мислам дека направивме одлична претстава. Овој театар има прекрасен ансамбл со кој е задоволство да се работи и сигурен сум дека публиката ќе го почувствува сето она што го работевме изминатите 50-тина дена, изјави Евтимов.

За актерите Илија Вочлески и Марија Спиркоска Илијеска првата соработка со режисерот Евтимов создаде претстава која се очекува да биде хит и долго да се задржи на репертоарот. Очекуваат публиката да го препознае специфичниот хумор, досега невиден во комедиите и „претставата во претстава" да има долг живот на сцената. За нив е многу битно што се активни на театарската сцена во ова пандемично време.

-Имавме одлична прва соработка со режисерот Евтимов овој изминат период. Мирен, креативен процес. Се поклопивме со идеите како сакаме да изгледа претставата. Се надевмаме дека прилепската публика ќе го препознае хуморот зашто е поразличен од комедиите кои се играле во прилепскиот театар, рече актерот Волчески.

Актерката Марија Спиркоска Илијеска вели среќна е зашто имаат добра претстава.

-Во комедија е потешко да се дојде до резултатот да препознае публиката. Потребен е голем труд, режисер кој води и кога сето ќе се склопи во една целина, мислам дека имаме голем хит и дека долго време ќе биде на репертоарот на театарот. Самата претстава има две претстави во себе: една на сцената и друга зад сцената. Концентрацијата треба да биде на високо ниво цело време, што е голем предизвик за нас, актерите. Играме паралелни ситуации, нешто кое досега не ни се случило. Задоволни сме, вели Спиркоска Илијеска.

Ова е втора премиера во прилепскиот театар годинава, рече директорката на Центарот за култура „Марко Цепенков, Јасмина Мицовска Станкоска.

-Во театарот сме за убав повод. За новата, втора, премиера во прилепскиот театар „Да, инспекторе, претстава со грешки", во режија на Синиша Евтимов. Дел од програмата прифатена од Министерството за култура. Вечер претставата ќе биде изведена претпремиерно, а премиерата е утревечер во народниот театар „Војдан Чернодрински" од 19,30 часот. Сметам дека е постигнато многу во првата соработка на режисареот со прилепскиот ансамбл. Очекуваме годинава да работиме и на третата премиерна претстава, рече Мицовска Станкоска.

Во претставата играат: Илија Вочлески, Димитар Црцороски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Александар Тодески, Марија Спиркоска Илијеска, Михајло Миленкоски, Наташа Наумоска Ачански, Игор трпчески, Ангела Наумоска, Димитар Ѓорѓиевски. Сценографијата и костимите се на Илина Ангеловска, драматург е Ивана Нелковска, тон мајстор и дизајн на звукот е Томе Темелкоски.

Премиерата во прилепскиот театар каде сега, според протоколите, ќе има 50 отсто публика, доаѓа по две недели од одржувањето на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински" кој ја нагласи големата желба на публиката да се врати во театаските сали.

Вечер, пред публика, во народниот театар „Војдан Чернодрински" ќе се одржи претпремиера, а премиерата е утревечер од 19,30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер