Втората Интердисциплинарна студентска конференција викендов во Охрид - Канал 5

Втората Интердисциплинарна студентска конференција викендов во Охрид

Во организација на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Кирил и Методиј“ од Скопје, викендов во Охрид ќе се одржува втората Интердисциплинарна студентска конференција.

Втората Интердисциплинарна студентска конференција викендов во Охрид

Според најавената агенда, на собирот ќе се одржат 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава. Работилниците ќе обработуваат теми од различни области — економија, технологија, здравје, општество и личен развој, информираат од Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и две панел-дискусии на теми: природно или совршено — што избираме и бесконечен раст на конечна планета — дали сме жртви на сопствената алчност.

Настанот има за цел да поттикне критичко размислување, интердисциплинарен пристап и активно вклучување на студентите во теми што го обликуваат современото општество, при што конференцијата претставува платформа за размена на идеи, искуства и визии за иднината, додаваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработка

Заедничката работна група бележи значителен напредок.

Минчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработка

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ.

На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на професионалниот развој на административните службеници.

„Заедничката работна група, формирана со цел координација и реализација на активностите од Меморандумот, активно работи и бележи значителен напредок во повеќе области од заемен интерес. Резултатите што досега се постигнати претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката“ истакна министерот Минчев.

Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на системот за обуки и градењето професионална, ефикасна и современа администрација. Во таа насока беше нагласено значењето на искуствата и добрите практики на Националната академија за јавна администрација на Република Србија, која претставува препознатлив пример во регионот за систематски пристап кон континуираниот професионален развој на јавните службеници.

Во фокусот на разговорите беше и дигиталната трансформација на процесот на учење и обука. Беше разгледан напредокот во размената на искуства поврзани со системите за управување со учење (LMS), развојот на електронски модули и воведувањето современи дигитални решенија кои ќе обезбедат поголема достапност, ефикасност и квалитет на обуките во јавниот сектор.

Средбата уште еднаш ја потврди посветеноста на двете министерства кон практична и плодна соработка, која преку конкретни активности придонесува за јакнење на институционалните капацитети и за унапредување на квалитетот на јавните услуги во интерес на граѓаните на двете земји.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава: Се стекнале со противправна имотна корист од 50 милиони денари

Пријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава: Се стекнале со противправна имотна корист од 50 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РМ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од чл. 280 од КЗ на РМ, „Измама на штета на средствата на Европската Унија – во обид“ од чл. 249-а од КЗ на РМ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл. 380 од КЗ на РМ.

Пријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, спротивно на член 33 и член 90 став 3 од Законот за градење, со што им овозможиле на правните лица да ги впишат недовршените објекти во Агенцијата за катастар на недвижности и да се стекнат со противправна имотна корист.

Сопствениците и управителите на правните лица, иако биле свесни дека објектите не се завршени и не ги исполнуваат законските услови за ставање во употреба, ги употребиле завршните извештаи со невистинита содржина како основ за упис на објектите во јавните книги на Агенцијата за катастар на недвижности, со цел да создадат привидно исполнување на условите за користење и да овозможат исплата на одобрената финансиска поддршка од Програмата за рурален развој во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА 3 – ИПАРД 2021–2027) и да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 50.141.528 денари.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

По многу години, за првпат сериозно, со јасна визија и силна меѓународна поддршка, започнува процесот на изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во Република Македонија.

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се спроведува во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS).

По многу години, за првпат сериозно, со јасна визија и силна меѓународна поддршка, започнува процесот на изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во Република Македонија.

Овој проект претставува значајно признание за капацитетите и посветеноста на институцијата во областа на управувањето со кризи, како и важен чекор кон модернизација на националните системи за координација, рано предупредување и справување со природни непогоди и вонредни состојби.

Со имплементацијата на NICS-2 ќе се зајакне меѓуинституционалната интероперабилност, ќе се унапредат капацитетите за донесување одлуки во реално време и ќе се создадат поефикасни механизми за заштита и безбедност на граѓаните.

Воедно, проектот претставува значаен придонес кон зајакнување на меѓународната соработка. Преку оваа иницијатива ќе се овозможи поддршка заедно со партнерите од Украина, преку споделување знаења, искуства и најдобри практики во областа на управувањето со кризи и итни состојби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер