Втора победа во два дена за Вон - Канал 5

Втора победа во два дена за Вон

Американската скијачка Линдзи Вон ја оствари 81. победа во Светскиот куп откако денеска победи и на вториот спуст што викеднов се возеше во германски Гармиш Партенкирхен.

Втора победа во два дена за Вон

Сега само пет победи ја делат Вон од рекордот на легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк кој во својата кариера стигна до 86 победи во Светскиот куп.
Вон денеска патеката ја мина со време 1:37.92 минута, 11 стотинки побрзо од Софија Гоџа (Италија) и 12 од Тина Вајратер (Лихтенштајн).

Во спуст поредокот води Ѓоча со 429 бода, пред Вон со 406.

Во Генералниот пласман на лидерската позиција се наоѓа Микаела Шифрин со 1.513 бода, пред Венди Холденер со 842 и Кристина Ребенсбург со 767.
Следните трки од Светскиот куп се на почетокот на март, по Олимпијадата во Пјонгчанг која почнува на 9 февруари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче од Тремник: Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во Неготинско Тремник, имаше средба со лозари, на која што се разговараше за проблемите со откупот и цените на грозјето. 

Филипче од Тремник: Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари

На средбата лозарите алармираа дека црното грозје од сортата Вранец не се откупува, им скапува, а белото грозје се откупува по понижувачка цена од 14 денари за килограм. Филипче посочи дека лозарите денес се соочуваат со ситуација во која вложениот труд, средства и целогодишната работа им пропаѓаат пред очи, а власта не носи никаква мерка за да им помогне на лозарите да ја пребродат кризата.

Тој нагласи дека ова не е проблем само на лозарите од Неготинско, туку состојба со која се соочуваат лозарите во целата држава, додавајќи дека во услови кога власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, за лозарите нема пари. На средбата Филипче потсети дека во времето на владите на СДСМ трудот на лозарите беше ценет и вреднуван - се зголемија субвенциите и навреме се исплаќаа, секогаш кога лозарите се соочуваа со проблем владите на СДСМ носеа интервентни мерки, што не е сега случај со власта на ВМРО. Филипче најави дека согласно сегашната состојба на терен, кога големи количини грозје скапуваат, СДСМ повторно ќе предложи конкретни мерки за да им се помогне на лозарите.

„Ќе направиме предлог мерка за поддршка на лозарите согласно состојбата на терен, колку од лозарите имаат предадено грозје за откуп, колку немаат, колку од грозјето скапува по нивите и од дождот, и според тоа во најкус рок ќе дадеме соодветен предлог во Собранието за помош на лозарите“, рече Филипче.

Инаку, и претходно, уште на почетокот на откупот, СДСМ предложи да се зголеми откупната цена за 5 денари по килограм, да се укине 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено, но Владата не ги прифати мерките. Лозарите се пред пропаст, а последиците од ваквата негрижа на власта за една од најважните извозно-ориентирани гранки допрва ќе се видат преку намалени површини и производство на грозје.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Европската комисија подготвува нови правила со кои ќе се ограничи пристапот на децата до социјалните мрежи и до платформите за споделување видеа пред да наполнат 15 години.

ЕУ подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Новиот закон на ЕУ за децата, кој комисијата треба да го претстави в четврток, предвидува различни нивоа на пристап до социјалните мрежи во зависност од возраста, со поголема улога на родителскиот надзор.

За децата под 13 години, родителите би можеле да отвораат профили кои целосно ќе ги контролираат, а платформите ќе мора да исполнуваат строги безбедносни стандарди.

Предлогот предвидува и задолжителна технологија за проверка на возраста на корисниците на социјалните мрежи и на платформите за споделување видеа.

Новите правила би се однесувале и на онлајн игрите и на четботовите. Компаниите би морале да обезбедат нивните производи да бидат безбедни уште при нивното создавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Waymo“ го најави лансирањето на робо-такси во Токио

„WAYMO“, одделот за автономно возење на „Alphabet“, јапонскиот оператор на апликација за такси-услуги GO и такси-компанијата „Nihon Kotsu“ планираат во 2027 година да ја лансираат првата целосно автономна комерцијална такси-услуга во Јапонија.

„Waymo“ го најави лансирањето на робо-такси во Токио

„WAYMO“, одделот за автономно возење на „Alphabet“, јапонскиот оператор на апликација за такси-услуги GO и такси-компанијата „Nihon Kotsu“ планираат во 2027 година да ја лансираат првата целосно автономна комерцијална такси-услуга во Јапонија, соопштија денес овие компании.

Услугата првично би требало да биде достапна со помал број возила, а потоа возниот парк би требало да се прошири на околу 100 автомобили во клучните населби во Токио, под услов да се добијат регулаторните одобренија и успешно да се потврдат технологијата и деловниот модел на Waymo.

Откако ќе се добијат потребните дозволи и ќе се завршат проверките, такси-возилата ќе сообраќаат без возачи, а корисниците ќе можат да ги нарачаат преку апликациите на GO и Waymo, се наведува во заедничкото соопштение на компаниите.

„Услугата со возила без возач ќе биде достапна за јавноста уште од првиот ден“, изјави Текедра Мавакана, ко-извршен директор на Waymo, на прес-конференција во Токио.

„Одговорно ќе ја зголемуваме флотата и постепено ќе ги шириме операциите со текот на времето, сè додека секој во Токио не може да ја преземе апликацијата и да го користи нашето возило“, додаде таа.

Оваа најава го означува најновиот чекор во влезот на Waymo на јапонскиот пазар. Компанијата започна со собирање податоци по улиците на Токио во 2025 година, користејќи возила „Jaguar I-PACE“ со човечки возачи. Ова беше првиот излез на Waymo на јавни патишта надвор од САД.

Компаниите очекуваат дека услугата за автономни такси-возила би можела да помогне во ублажувањето на недостигот од возачи во Јапонија – земја која истовремено се соочува и со поширокиот проблем на опаѓање на бројот на населението.

Одделно, јапонскиот производител на автомобили „Nissan“ соработува со британскиот стартап „Wayve“ и американската компанија „Uber“ на развојот на робо-такси возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер