Втора победа на Металург во СЕХА лигата - Канал 5

Втора победа на Металург во СЕХА лигата

Ракометарите на Металург ја забележаа втората победа во регионалната СЕХА лига.

Втора победа на Металург во СЕХА лигата
Тие синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ ја оправда улогата на фаворит и со убедливи 36:22 го совладаа босанскиот тим Извиѓач. Во двете полувремиња беше по 18:11.

Најефикасен ракометар кај Металург беше Никола Костески кој постигна шест гола, додека Вања Илиќ и Немања Обрадовиќ реализираа по пет, а Давор Палевски и Филип Кузмановски по четири гола.

Веќе утре Металург го очекува нов дуел и тоа против францускиот тим Монпеље во рамките од Лигата на шампионите, натпревар кој ќе се игра СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:45 часот, додека следен противник во СЕХА лигата ќе биде градскиот ривал Вардар во мечот кој ќе се игра на 22 ноември во СЦ „Јане Сандански“.

Инаку, вчера во СЕХА лигата, се одиграа уште две средби. Веспрем минимално со 31:30 го победи Машков Брест, а Татран Прешов со 34:30 беше подобар од Горење.

Табела: Вардар 28 бодови, ППД Загреб 19, Веспрем 18, Мешков Брест 17, Цеље 12, Горење Велење 9, Металург 7, Нексе 7, Татран Прешов 6 и Извиѓач 0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Божиновски и Јован Деспотовски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Владимир Божиновски и Јован Деспотовски.

Владимир Божиновски и Јован Деспотовски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 23. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 23. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 23. јуни 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни.

Кариера

Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат.

Здравје и совет

Мали нервози.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен.

Кариера

Денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста.

Здравје и совет

Не ја критикувајте саканата личност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни.

Кариера

Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите.

Здравје и совет

Во работењето е среќата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали.

Кариера

Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат.

Здравје и совет

Добро размислете пред да делувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Би можело да сдојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Ви недостига дисциплина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм.

Кариера

Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни.

Здравје и совет

Ви се зголемува апетитот, не претерувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте.

Здравје и совет

Нема веќе пречки.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат.

Кариера

Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава.

Здравје и совет

Слушајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате.

Кариера

Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден.

Здравје и совет

Нервоза.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат.

Кариера

Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските.

Здравје и совет

Согледајте ја целината.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи .

Кариера

Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Зајакнете си ја мускулатурата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Генијален трик со помош на кој на авион ќе можете да понесете повеќе багаж бесплатно

Ако ви пречи тоа што не можете да понесете доволно облека бидејќи вашата авионска карта вклучува само рачен багаж, еве едно интересно решение.

Генијален трик со помош на кој на авион ќе можете да понесете повеќе багаж бесплатно

Една корисничка на Тикток открива генијален трик за избегнување на трошоците за багаж, а за сето тоа ви е потребно само една навлака за перница.

21-годишната Белгијка секоја година оди на одмор со авион и со тек на време научила неколку трикови за своите авантури. Отсекогаш и пречело тоа што не може да понесе доволно облека, бидејќи нејзината карта вклучувала само рачен багаж.

На видеото кое го сподели на социјалната мрежа Тикток, таа шета низ аеродромот со полна навлака од перница, а персоналот на авиокомпанијата воопшто не ја прегледува. Подоцна во видеото, таа пристигнува во хотел и ја отвора навлаката фрлајќи ги парчињата облека на креветот, покажувајќи всушност што имало внатре.

Таа ги советува нејзините придружници, навлаката да ја полнат исклучиво со меки работи за во текот на летот да ја користат. Исто така, додава и да не се однесувате сомничаво зашто не правите ништо погрешно. Корисниците на Тикток беа воодушевени од нејзината идеја. Видеото има повеќе од 40 милиони прегледи, но и коментари:

- Ја надмудри авиокомпанијата, генијална идеја! –напишал еден од корисниците.

- Многу паметно, ќе го пробам на следното патување со авион – додала друга корисничка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер