Втора награда за македонскиот тим од неврохирурзи и невролози на „Mind and Brain” во Пула - Канал 5

Втора награда за македонскиот тим од неврохирурзи и невролози на „Mind and Brain” во Пула

Македонскиот мултидисциплинарен тим од неврохирурзи и невролози предводен од професор Владимир Рендевски, добитници на 2-ра награда на престижниот 64-ти меѓународен конгрес по невронаука ,,Mind and Brain” во Пула, Хрватска.

Втора награда за македонскиот тим од неврохирурзи и невролози на „Mind and Brain” во Пула

Неврохирургот проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со тимот неврохирурзи и невролози, кои пред 6 години ја започнаа новата операцитивна процедура во нашата земја, имплантација на Вагус Нерв Стимулатор (ВНС), кај пациенти со епилепсија што не реагира на лекови, се добитници на 2-ра награда на 64-тиот меѓународен конгрес по невронаука, кој оваа година се одржува во периодот 29 мај – јуни, традиционално во Пула, во организација на Меѓународниот институт за здравје на мозокот, Хрватското здружение на невролози и психијатри и Одделот за медицински науки при Хрватската Академија на Науки и Уметности.

На овој реномиран научен настан, поддржан од Европската асоцијација по неврологија и Светската федерација по неврологија, неврохирургот Рендевски ги претстави резултатите од нивната клиничка студија и искуство, кои во изминатите 6 години ги работат во лекувањето на пациентите со медикорезистентна епилепсија, користејќи современи статистички модели за нивна евалуација.

Во клиничкото истражување се прикажани резултатите од оперираните 21 пациент со тешка форма на епилепсија, кај кои од страна на неврохируршкиот тим од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје е импланиран системот за Вагус Нерв Стимулација. Исто така е презентирано и нивното постоперитавно 2-годишно следење и соодветно модулирање на стимулационата терапија што ја работаат тимот невролози од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје, проф. д-р Емилија Цветковска и научен соработник д-р Бојан Бошковски.

Во научното истражување проф. Рендевски со соодветна статистичка анализа ги прикажа, степенот на ефективноста во намалувањето на бројот на епилептичните напади, кај поодделни групи пациенти, во зависност од нивната форма на епилепсија, споредувајќи ги со слични истражувања што ја обработуваат оваа проблематка.

На овој реномиран медицински научен настан, оваа година беа презентарани медицински достигнувања од земјите во регионот, Италија, Австрија, Германија и Кина, а во рамки на конгресот се одржаа и пленарни предавања на од медицински работници и научници кои ги претставија своите најнови резултати, препораки и мислења до доменот на невролошките медицински дисциплини.

Покрај проф. Рендевски, тимот на неврохирурзи го сочинуваат: асс. д-р Благој Шунтов, асс. д-р Томи Камилоски, д-р Фатмир Елези, проф. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ (од Клиничкиот центар во Белград, со чија помош беше воведена оваа процедура) како и специјализантите по неврохирургија д-р Димитар Давидовиќ и д-р Мелиха Нехтепарова.

За започната нова примена на оваа медицинска процедура во нашата земја, нашиот мултидисциплинарен тим во 2019 година, исто така ја доби и наградата на Град Скопје ,,13-ти ноември“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер