Втора фестивалска вечер на „Макфест“ - Канал 5

Втора фестивалска вечер на „Макфест“

Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“.

Втора фестивалска вечер на „Макфест“

Според гласовите на публиката и жири-комисијата вечерва на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ повторно ќе настапат Сања Тодоровиќ со „Јас сум виновна“, групата The solution со „Ти и јас“, Мирјана Митрева со „Плачев во себе“, Тамара Волческа „Кажи ми да знам“ и Калина и Александар со „Да не те познавав“.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ годинава има неколку новитети, а еден од нив што придонесува да биде поубав и музички спакуван, е оркестарот во живо на сцена. Првата фестивалска вечер помина во одлична атмосфера со водителите Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а на сцената се појави и водителката Вера Јанковиќ, која со години го водеше „Макфест“. Во ревијалната шоу програма македонските пејачи Андријана Јаневска и Ѓоко Таневски ја потсетија публиката на познатите макфестовски евергрини.

Вечерва на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“, во рамки на 39-то издание на „Макфест“ ќе бидат испеани вкупно 15 песни. Втората вечер почнува во 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Шведска: Упаднал со меч во училиште и почнал да сече сѐ околу себе (ВИДЕО)

Маж вооружен со меч повреди неколку лица во средно училиште во Фагерста во централна Шведска, соопштија локалните власти. 

Драма во Шведска: Упаднал со меч во училиште и почнал да сече сѐ околу себе (ВИДЕО)

„Примен е телефонски повик поврзан со насилство кое е опасно по живот во училиштето во Фагерста. Полицијата дојде на местото на настанот и едно лице е приведено“, соопшти полицијата.

Полицијата го блокираше подрачјето

„Полицијата продолжува да работи на местото на настанот. Апелираме до јавноста да ги почитува блокадите на патиштата и да ги слуша упатствата на полицијата“, додадоа тие. Шведската влада е во близок контакт со полицијата по нападот, изјави за Ројтерс министерот за правда Гунар Штромер.

„Бевме информирани за сериозен инцидент во Фагерста. Полицијата е на местото на настанот и работи многу интензивно на инцидентот“, рече Штромер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал тргнува по најголемата ѕвезда на Јувентус

Англискиот шампион Арсенал ја разгледува можноста за ангажирање на  најголемата ѕвезда на италијанскиот гигант, Јувентус, 21 годишниот Турчин, Кенан Јилдиз објави синоќа „Индипендент“.

Арсенал тргнува по најголемата ѕвезда на Јувентус

Микел Артета бара уште еден врвен играч за левата напаѓачка позиција; откако Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наметна како приоритетна цел на клубот. Јувентус не е склон да го продаде еден од своите клучни играчи и би барал сума поголема од 70 милиони евра за воопшто да размисли за преговори.

Исто така, се зборува и за можноста Арсенал да го вклучи Габриел Мартинели во договорот. Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници?

 Киев тврди дека Пјонгјанг наскоро ќе испрати до 50.000 војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.

Дали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници?

Северна Кореја има намера да го зголеми бројот на своите војници кои треба да се борат на страната на Москва во војната против Украина.

Ова би значело дека дури 50.000 Севернокорејци би можеле да бидат распоредени во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија сака да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници, а викендов ја спомена бројката од „меѓу 30.000 и 50.000“ од нив. Тој не прецизираше дали таа бројка ги вклучува и севернокорејските војници кои веќе учествуваат во конфликтот.

Минатиот викенд, Зеленски исто така предупреди дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување и ја повика Јужна Кореја да ја зајакне соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала.

Русија и Северна Кореја потпишаа одбранбен договор во летото 2024 година; неколку месеци подоцна, Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија. Аналитичарите проценуваат дека се распоредени меѓу 14.000 и 15.000 војници, главно во регионот Курск. Пјонгјанг подоцна се согласи да испрати уште 6.000 борци, вклучувајќи деминери и инженери.

Според јужнокорејските и украинските власти, Северна Кореја исто така ја снабдила Русија со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети.

Јапонската агенција „Кјодо њуз“, повикувајќи се на украинското воено разузнавање, синоќа објави дека е потврдено претстојното зголемување на бројот на севернокорејски војници. Украинските извори наведуваат дека до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници. Според тие наводи, војниците би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што руските сили би се ослободиле од обврските таму и би можеле да бидат испратени да се борат на украинскиот фронт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер