Втор Велешки пливачки маратон

Под покровителство на Општина Велес на 22 и 23 август на Велешкото Езеро „Младост“ ќе се одржи вториот пливачки маратон.

Иле Попов од Организацискиот одбор на денешната прес-конференција информира дека на 22 август ќе се одржи рекреативниот маратон на кој право да се пријават имаат сите пливачи-рекреативци од земјава. Наредниот ден, пак, ќе се одржи Македонскиот куп во далечинско пливање на кој може да се пријават за учество сите професионални пливачи од пливачките клубови од Македонија.

- Предвидени се по три маратонски трки во машка и женска конкуреција во рамките на Купот во далечинско пливање - на 2,5 километри, 5 и олимписката дисциплина на 10 километри, информира Попов.

Славчо Чадиев градоначалникот на Општина Велес, која втора година го поддржува пливачкиот маратон, истакна дека целта на манифесатцијата промовирање на убавините на Велешкото Езеро „Младост„.

Челси сака да го врати менаџерот кој му ја донесе последната титула во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Челси наводно испратил исклучително примамлива понуда до Антонио Конте со надеж дека ќе го убеди да се врати на „Стемфорд Бриџ“ за да го замени Маурисио Покетино, пренесуваат италијанските медиуми.

„Сините“ се во исклучително тешка позиција. Тие го заземаат деветтото место и немаат шанси да фатат чекор за учество во Лигата на шампионите. Единствено што можат да обезбедат до крајот на сезоната е евентуално учество во Конференциската лига. Затоа менаџментот размислува за раскинување на соработката со Аргентинецот.

Една од целите на Челси беше Тиаго Мота, кој сезонава бележи фантастични резултати со Болоња. Сепак, се верува дека Италијанецот е многу поблиску до останување во Италија и клупата на Јувентус отколку до заминување во Премиер лигата.

„Ла Република“ објави дека лондонскиот клуб е сериозно заинтересиран за враќање на Конте. Италијанецот им ја донесе последната титула во Премиер лигата на „сините“ и управата верува дека би можел да го повтори тој успех.

Сепак, Конте е желба и на Милан и Наполи. Искусниот стратег е без работа во март 2023 година кога ја напушти клупата на Тотенхем. Во моментот на неговото заминување, „мамузите“ беа елиминирани од ФА Купот и Лигата на шампионите, додека беа на четвртата позиција во англискиот шампионат. /МИА

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

притисни ентер