Втор пораз за Алкалоид на ЕКК - Канал 5

Втор пораз за Алкалоид на ЕКК

Македонскиот шаховски првак Алкалоид на Европскиот клупски куп што се одржува во Скопје го претрпе вториот пораз, откако во 6.коло загуби од Сибир со 3,5:2,5.

Втор пораз за Алкалоид на ЕКК
Во борбен меч, велемајсторите од екипата на Сибир, Ароњан и Ли Чао, по отварањето ја задржаа предноста на белите фигури против Томашевски и Андреикин. Од друга страна, играчите на Алкалоид со бели фигури, Јаковенко и Криворучко постигнаа изгледни позиции.

На првата и шестата табла, Иванчук, односно Ју играа изедначени позиции. Во драматичен финиш, Криворучко со тактички удар го принуди на предавање Ван Хао. „Сибир“ изедначи преку победата на Ли Чао над Андреикин.

Повторно секундите и цајтнотот беа кобни за Иванчук на првата табла. Во моментите кога Крамник имаше потешкотии во топовската завршница, следуваше груба грешка и комплетен пресврт со што Русите поведоа.

Јаковенко и Ју ги доведоа еднаквите позиции до објективен реми завршеток.

На крајот Томашевски со упорна и жилава одбрана успеа да ја неутрализира предноста на Ароњан.

Со оваа победа, „Сибир“ е осамен на првото место и блиску до трофејот, а екипата на „Алкалоид“ во утрешното коло ќе се обиде со победа да се врати во врвот на табелата.

Од другите македонски екипи учесници на ЕКК во 6.коло, Гамбит Асеко и Центар загубија, додека Карпош победи.

На табелата лидер е Сибир со 12 бодови, следуваат четири екипи со по 10 бодови, Алкалоид е на 8.место со 8 бодови, Гамбит Асеко е 25-ти со 6 бодови, Центар 38-ми со 4 бодови, Карпош се наоѓа на 44.место со 3 бода. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

За влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва.

До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста?

Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО.

Дали е ова така?

СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.

СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си.

За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите.

Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно.

Скопје, 24.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер