3Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
БалканВтор Политички форум ЕУ-БиХ на високо ниво во Брисел Таа информира дека двете делегации на форумот се предводени од европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Напредокот на Босна и Херцеговина, пред се во однос на клучните приоритети на ЕУ и чекорите посочени во препораките за доделување на кандидатскиот статус на земјата, ќе биде главна тема на вториот Политички форум на високо ниво меѓу Унијата и БиХ што денеска се одржува во Брисел, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства, Ана Писонеро. Таа информира дека двете делегации на форумот се предводени од европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. ЕУ во декември 2022 година на Босна и Херцеговина и додели статус на формален кандидат за членство, но во последниот Извештај за напредокот на земјата на европскиот пат, стартот на преговорите за членство со условува со исполнување на клучните приоритети што ги постави Европската комисија за отворање на пристапниот процес. Кришто минатиот месец изрази надеж дека пред крајот на годината БиХ ќе успее да ги исполни условите поставени од Комисијата за старт на пристапните преговори. - Позитивниот извештај ни дава силен поттик да продолжиме да работиме понапорно, побрзо и подобро за да ги исполниме преостанатите критериуми за конечно да го добиеме датумот за старт на преговорите. Убедена сум дека ќе ги исполниме сите преостанати услови до крајот на оваа година. Нам во Босна и Херцеговина тоа, пред се, ни е потребно заради нас самите, изјави Кришто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок. Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство. Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари. Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец. Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци. Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците. Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници. За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата. Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење. Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот. Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права. Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите. Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат. ФЗОТагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter