Втор натпревар за искачување од Тетово до Попова Шапка - Канал 5

Втор натпревар за искачување од Тетово до Попова Шапка

В сабота, 20 јули, ќе се одржи втората спортско-рекреативна манифестација „Предизвикот на Шар Планина" . за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Втор натпревар за искачување од Тетово до Попова Шапка

В сабота, 20 јули, ќе се одржи втората спортско-рекреативна манифестација „Предизвикот на Шар Планина" (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

Учесниците на натпреварот в сабота ќе тргнат од тетовскиот градски плоштад во 9 часот. Патеката за планинско трчање е долга 10 километри. Релацијата е Тетово – Гајре – Лисец – Попова Шапка, по планински патеки.

За категоријата друмски велосипедизам патека е долга 20 километри, односно од плоштадот по асфалтираниот пат до Попова Шапка. Патеката во планински велосипедизам е, исто така, долга 20 километри, но движењето е во правец Тетово – Бањиче – Шипковица – Лисец – Попова Шапка, при што 75 отсто е планински пат. Сите учесници кои ќе стигнат до Попова Шапка ќе треба да искачат 1200 метри разлика во надморска височина.

Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција ќе бидат доделени награди: за прво место – златен медал и 5.000 денари; второ место – сребрен медал и 3.000 денари и за трето место – бронзен медал и 2.000 денари.

Пријавувањето е преку електронска апликација на веб-страницата www.prvdovrv.mk. Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките. Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. 

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.

Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.

Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.

Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.

Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.

Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.

Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг?

Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?

Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.

Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.

Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

И третиот ден од протестите во Тирана беше проследен со насилство и судири со полицијата.

Видео-фото:Трет ден насилни протести во Тирана, 26 повредени

Маскирани демонстранти фрлаа камења, тврди предмети и огномет врз институциите.

Во инцидентите беа повредени 26 лица, а двајца полицајци се хоспитализирани. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Нападнати беа кабинетот на премиерот, Парламентот и повеќе министерства.Оштетени беа најмалку четири банки, продавници, киосци и други деловни објекти.за време на протестите беа запалени неколку киосци и две стражарници.

Меѓу нападнатите објекти беше и стражарницата на Амбасадата на САД во Тирана.

Најжестоки судири се случија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.

Рама ја отфрли можноста за оставка, нагласувајќи дека владите се менуваат преку избори.тој изрази подготвеност за дијалог со студентите и за разгледување на нивните барања.

Протестите продолжија и во вечерните часови, оставајќи значителна материјална штета во главниот град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска, кога украинскиот лидер ќе се придружи на вториот ден од самитот на ЕУ.

Зголемените тензии меѓу Зеленски и Трамп ќе бидат во центарот на вниманието денеска на вториот ден од самитот на ЕУ

Лидерите на Европската унија се подготвени да се здружат и да го поддржат Зеленски во услови на жестока расправија со Трамп, чиј договор за дизел со Русија ја потресе алијансата.Трамп побара Украина да ги прекине нападите врз руските рафинерии за нафта,и го обвини за покачените цени на горивата.

Зеленски возврати, велејќи дека всушност војната на Трамп против Иран е одговорна за прекинот на испорака на горивата.

Зеленски вели дека се чувствува предаден од договорот за снабдување со дизел што Трамп ја склучи минатиот петок со Путин, иако Русија е под санкции.

Оттогаш, односите меѓу Зеленски и Трамп брзо се влошија. Трамп повика на нови избори во Украина, кои се забранети во воено време, додека Зеленски инсистира дека нападите врз руските рафинерии за нафта, кои Трамп го замоли да ги запре, ќе продолжат.

Се очекува лидерите на ЕУ, од кои многумина ги сметаат нападите со долг дострел како главна предност на Киев врз Москва, да ги зближат редовите зад украинскиот лидер за да прикажат заеднички фронт додека трансатлантската алијанса поминува низ уште една криза на единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер