ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
1ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
3СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
2Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
БалканВтор министерски состанок во Дубровник: Преминуваме на дела, Зелената агенда станува конкретен, мерлив планРизиците од климатските промени не може да се решаваат само со реакции на она што ќе се случи, туку неопходни се превенција, прилагодување и рана интервенција.До 2028 година за 80 отсто да се намали достапноста на пластичните производи, на 40 проценти да се зголеми рециклирањето на комуналниот отпад, до 2030 година во амбалажата да има најмалку 30 проценти рециклирачки материјал и да се обноват 20 отсто од деградираните екосистеми. Ова се клучните цели дефинирани во четирите документи од Декларацијата што денеска беше и официјално поддржана на Вториот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан во Дубровник. Како што изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка Амер Капетановиќ, ризиците од климатските промени не може да се решаваат само со реакции на она што ќе се случи, туку неопходни се превенција, прилагодување и рана интервенција. -Јасно е дека климатските промени веќе ни се случуваат и значително не погодуваат сите нас. Температурите во целиот регион пораснаа за преку два степена што е скоро двојно повеќе од глобалниот просек. Тоа значи повеќе суши, поплави, пожари и губење земјоделски приноси. Само минатата година 11 од 13-те најголеми европски пожари беа во нашиот регион, истакна Капетановиќ. Се проценува дека на регионот во наредните 10 години ќе му требаат околу 37 милијарди долари за прилагодување на климатските промени, но бенефитот од тоа, напомена Каперановиќ, ќе биде двојно поголем, дури 74 милијарди долари годишно преку заштеди, отпорност на заедниците, нови работни места и поздрава животна средина. -Преминуваме од планови на дела. Зелената агенда станува конкретен, мерливи план, подвлече генералниот секретар на Советот за регионална соработка. Зад Декларацијата стојат Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, БиХ и Косово. Декларацијата од Дубровник содржи четири клучни регионални документи: Ревидиран акциски план GAWB 2025–2030, Патоказ за климатска адаптација на ЗБ6, Регионален акциски план за спречување на загадување од пластика, вклучително и морски отпад, како и Нацрт на стратегиски план за биодиверзитет на ЗБ6 до 2030 година. Втората министерска средба се одржува во рамки на Берлинскиот процес 2025 и претставува клучен годишен форум на регионот за преглед на напредокот и утврдување на следните чекори за спроведувањето на GAWB. Ја организира Регионалниот совет за соработка (RCC) во соработка со Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), со поддршка од Европската комисија, во рамки на претседавањето на Обединетото Кралство со Берлинскиот процес 2025. GAWB е заедничка рамка што го усогласува регионот со Европскиот зелен договор и го трасира патот кон одржлива и климатски неутрална иднина.Тагови: Дубровник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола и цени на енергенсите најниски во регионотСООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Тешко е да се биде СДС во опозиција изминатиов период. До толку се дојдени во исклучително тешка состојба, што веќе ниту знаат каде тераат, ниту умеат да ги читаат официјалните податоци, па преминуваат на она што најдобро знаат, со лаги и манипулации да ги заплашуваат граѓаните дека недостигаат пари. ПИОМ е во стабилна состојба, пари има и пензиите редовно се исплаќаат, ниту еден денар на граѓаните не е загрозен. Напротив, над 300 илјади пензионери за две и пол години добија покачување на пензиите за седум илјади денари. Тоа им смета на СДС кои, очигледно, сакаат пензионерите да бидат како во нивно време, понижени, непочитувани и без соодветни примања за достоинствен живот. СДС имаат замерки и за платите кои не знаат или не сакаат, да ги читаат официјалните податоци и показатели, или пак не им одговара што платите во сите сектори, согласно и со колективни договори, се зголемуваат. Пред некој ден Државниот завод за статистика излезе со официјални податоци за месец септември, според кои реалната нето-плата споредено со септември 2025 година е зголемена на 5,2%. Од друга страна зборуваат за поскапувања, а не гледаат дека инфлацијата во Македонија е најниска од земјите во регионот и далеку под европскиот просек, а економски раст десетти квартал по ред, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата, е над 3%. А во ек на светска енергетска криза Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со преземените конкретни мерки и активности успева цените на нафтените деривати да ги задржи на најниско ниво од земјите во регионот. Сумирано, пензиите се стабилни, покачени и тие редовно се исплаќаат, платите се зголемуваат, економијата се стабилизира и заживува, инфлацијата е под контрола и далеку под европскиот просек, а цените на енергенсите се најниски во регионот. Исто така, сметаме дека и оваа не е доволно, затоа што граѓаните заслужуваат уште повеќе и подобри услови и животен стандард и за тоа ќе се бориме и ќе работиме секој изминат ден. Така што, со вакви показатели во најтешка состојба се токму СДС. Нека им е со лесно, ние нема да се откажеме од подобар живот за македонските граѓани, за на нив да им биде полесно. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и макотрпно да работи за повеќе инвестиции, повеќе капитални проекти, повеќе работни места и поголем економски раст. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Шоу бизФото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во бракСветската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември. Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс. Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите. Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост. 🔗: https://t.co/j7MTVCtFxm #MileyCyrus can buy herself flowers, but this time #MaxxMorando brought the ring. 💍🥹 The couple said “I do” in an intimate Palm Springs ceremony on Nov. 21. Swipe to see exclusive photos from the newlyweds’ special day and head to the link for more. 📷: Backgrid — People (@people) November 22, 2026 „Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. 🚨 EXCLUSIVE: Miley Cyrus was seen wiping a tear away from her face in emotional photos and video from her Palm Springs wedding ceremony ... offering the first look of her stunning wedding dress. 🤍✨ 🎥 BACKGRID https://t.co/EUf3qXoYAY — TMZ (@TMZ) November 22, 2026 Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот. Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година. „Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој. Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“. На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаМинистерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во АтинаНа покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33