Втор фестивал „Стрип трип“ викендов во МКЦ, ќе гостуваат познати стрип-автори од Италија - Канал 5

Втор фестивал „Стрип трип“ викендов во МКЦ, ќе гостуваат познати стрип-автори од Италија

Второ издание на фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи викендов (8 и 9 јуни) во Младинскиот културен центар, на кој годинава земја во фокусот е Италија.

Втор фестивал „Стрип трип“ викендов во МКЦ, ќе гостуваат познати стрип-автори од Италија

Со поддршка на Амбасадата на Италија во Скопје, ќе гостуваат двајца познати автори кои, како што беше речено на прес-конференција, се „кремот на италијанскиот стрип“ - сценаристот Роберто Рекиони и цртачот Андреа Акарди.

На трибина во сабота во МКЦ, на која тие ќе гостуваат, ќе биде промовирана и книга со првите две епизоди од македонскиот превод на стрип-серијалот „Чанбара“ што за нашата публика ги објавува стрип-издавачот „Бункер“.

Организаторите на „Стрип трип“ ја соопштија дводневната програма во која покрај овие настани ќе има и три изложби – првата е изложба на стрип од земјата во фокус (Италија), втората е изложба на стрип дела од селектирани девет македонски автори, маѓу кои и Миле Топуз, доајенот на македонскиот стрип кој годинава на фестивалот ќе ја добие наградата „Македонско стрип наследство“. На третата изложба ќе бидат претставени стрип дела што пристигнале на отворениот конкурс „Самураи во твојот град“.

Како што соопшти Давор Драмиќанин, на конкурсот пристигнале над 60 дела од млади автори од десет градови. За наградата „Македонска стрип иднина“ ќе одлучува тричлено жири, во состав: Корнелија Коневска од галерија „Остен“, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и Здравко Гиров од Здружението МакСтрипови.

-Не очекувавме толкав одѕив на конкурсот. Се покажа дека љубовта кон стрип-културата во Македонија е нешто кое ги руши сите предизвици и препреки, а ние сме горди што оваа уметност повторно станува тренд кај помладите генерации, рече Драмиќанин.

Трите изложби се основата на фестивалот, рече тој, но ќе има и комбинирање на стрип со театар односно сценски подготвени ликови на Дилан Дог и самураи кои се главните теми на второто фестивалско издание.

Ќе бидат промовирани неколку нови македонски стрип-изданија, како и првата книга од преводот на серијалот „Чанбара“ во издание на „Бункер“.

Владимир Битољану од „Бункер“ рече дека ќе бидат промовирани три-четири изданија од домашната стрип-продукција , нагласувајќи дека „состојбата е алармантна“.

-На кревки нозе сме. Ако во СФРЈ имаше по илјада стрипови годишно, кај нас тие се бројат на прстите од една рака во една година... Да не се споредуваме со други земји, како на пример Италија, која е лидер во производството на стрипови во Европа. Со тие стрипови и сме пораснале во 1970-тите, 1980-тите, 1990-тите години, рече Битољану.

Фестивалот го организираат само со свои сили и ентузијазам и со помош на љубители и колекционери на стрипот, голема поддршка имале од Амбасадата од Италија, а од Министерството за култура не добиле средства во Годишната програма.

-Од државата нема слух, а не се работи за големи пари. Треба само да има разбирање. Од Министерството за култура добивме нула денари за фестивалот, а од друга страна финансира учество на македонски автори на стрип фестивал во Србија, додаде Битољану.

Во врска со „Чанбара“ (термин од јапонската култура за кодекс на самураите во 17 век), посочи дека „Бункер“ ги откупил правата од италијанскиот издавач за превод на целиот серијал, а во оваа пригода во една книга ќе бидат промовирани првите две епизоди. Во план е во иднина да биде покриен целиот серијал со девет епизоди.

Организаторите особено се горди што на фестивалот ќе ги имаат реномираните италијански стрип автори - Роберто Рекиони и Андреа Акарди кои заедно работат на серијалот „Чанбара“.

-Одлично кликнале Рекиони и Акарди во слулчајот и, според мене, направиле една безвременска приказна која се надевам ќе наиде на добар одек и овде, кај нас, нагласи Битољану.

Сценаристот Рекиони работел на многу познати серијали, од кои кај нас најпознат е Дилан Дог за кој потпишал неколку познати епизоди. Десет години бил и главен уредник на италијанскиот гигантски издавач на стрипови „Серџо Бонели“. Стрип цртачот Андреа Акарди, пак, работи на повеќе серијали и е познат по вестерн стрипот „Текс Вилер“ - најдолговечниот и најпопуларен стрип во Италија кој излегува од 1949 година.

Здравко Гиров од Здружението МакСтрипови соопшти дека покрај промоции на дела од македонски стрип автори кои, како што рече, „во нашата држава се помаргинализирани и од самиот стрип како уметност“, на хартија ќе бидат објавени и дела создадени од одржаната Стрип школа за средношколци.

За второто издание на фестивалот „Стрип трип“ е подготвен и постер на авторот Гоце Илиевски. „Стрип трип“ првпат се одржа минатата година кога земја во фокусот беше Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи.

Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим.

Соработка Берлин-Рим

Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство.

Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин.

Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Фолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти.

Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност.

Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој.

На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер