СДСМ: Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!
2СДСМ: Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!
ЗдравјеВтор ден од вакцинацијата против сезонски грип во земјава, забележливи се гужви пред пунктовитеТече вториот ден од вакцинацијата против сезонски грип во земјава.Заинтересираноста кај повозрасната популација е голема, а забележливи се и гужвите пред вакциналните пунктови. Нервозни граѓани кои добиле известување за вакцинација, чекаат да бидат повикани од медицинските служби. Дел од граѓаните кои ги анкетиравме, се жалат дека некои од пациентите не го почитуваат редот за вакцинирање, и токму поради тоа се создаваат гужвите. Сепак, сите сметаат дека вакцината е најдобар заштитник од сезонскиот грип, а велат дека и исхраната е еден од клучните фактори за силен имунитет. И докторите со совет до граѓаните – да се вакцинираат против сезонскиот грип, кој кај повозрасната популација и луѓето со коморбидитети може да предизвика проблеми. Министерството за здравство обезбеди 70.000 бесплатни вакцини. Досега на сајтот вакцинација.мк се пријавиле околу 48.000 граѓани од ризичните групи на кои им следува, а вчера се вакцинирале 2.000. По пријавувањето, граѓаните добиваат СМС порака со термин и локација за примање на вакцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД прославуваат 250 години независностВо Соединетите американски држави денес се слави Денот на независноста, односно празникот поврзан со потпишувањето на декларацијата за независност од Обединетото кралство во 1776 година. Иако Американците го слават 4 јули како Ден на независноста уште од 1777 година, самата декларација беше донесена како одлука на 2 јули на затворена седница на тогашниот Втор континентален конгрес, каде што се собраа претставници на 13-те колонии, кои ќе станат првичните 13 федерални држави. На оваа седница беше одлучено дека ќе се изготви документ за формално прогласување независност од Обединетото Кралство, а работата ѝ припадна на група од пет делегати наречени „комитет на петмина“. Во оваа група беа Џон Адамс, Бенџамин Френклин, Томас Џеферсон, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Тројца од овие пет делегати (Адамс, Френклин, Џеферсон) ќе бидат претседатели на САД во иднина и се сметаат, заедно со неколку други, за основачи на нацијата или „основачки татковци“, како што се нарекуваат.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!Објавувањето на новата анкета преку медиуми блиски до Орбан не е случајност. Тоа е јасен показател за паниката која владее во организираната криминална група предводена од шефот на тендерската банда, Христијан Мицкоски. Нема одговори за катастрофалната состојба во економијата. Нема одговори за тешкиот живот на граѓаните. Нема пари во буџетот. Нема пари ниту за пензии. Затоа - анкета. За помалку од две години, Владата на Мицкоски се задолжи за над 2,5 милијарди евра. Кој знае колку скриени кредити се кријат преку јавните претпријатија. Буџетот е празен, а пари за криминалните, наместени тендери за првите луѓе на Мицкоски почнуваат да недостасуваат. Затоа сега доаѓаат нарачаните анкети. Мицкоски на сила ја укина техничката влада. Сега на сила се обидува да протурка изборен закон кој отвора можност за кражба на гласови. Во исто време, на сила се обидува да ја протурка Платформата за сопствената иднина – новиот ЗНАМ 2.0. Сè мириса на предвремени избори. Сака да го продолжи мандатот затоа што не му се оди на факултет. Таму нема приватни државни авиони за патување на море. Од сè што е надвор од неговата фотелја, го болат колената. Го болат уште од клечењето и молењето за власт. Додека клечеше и го лажеше целиот македонски народ. Кога не кажа дека сите имаат бугарски државјанства и европски пасоши како и приватни фирми во Бугарија. Само да знаат граѓаните: Орбан исто така објавуваше вакви анкети. Резултатите ги видовме. Граѓаните ќе победат. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Скопје, 04.07.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Бутел: Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“„Добар ден и од мене. Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани. Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна. Да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја прави овде во Бутел, да се заблагодарам на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Бутел, на пратеничката којашто доаѓа оттука од Општина Бутел којашто секогаш се бори за проект повеќе, да се заблагодарам на мојата колешка од Владата, министерката за образование и на сите впрочем колеги од Владата коишто го препознаа проектот и даваат голема поддршка за истиот да се реализира во повеќе ресори, проектот на децентрализирање на средства од централниот буџет кон општините. Она коешто можам да го кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57