СветВтор ден од преговорите Русија – Украина во Абу ДабиГлавниот украински преговарач Рустем Умеров на платформата Телеграм објави дека почна вториот ден од преговорите во Абу Даби за завршување на речиси четиригодишната војна. Украина и Русија, со посредство на САД, вчера во Обединети Арапски Емирати почнаа нова рунда преговори. - Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, групна работа и понатамошно усогласување на ставовите, наведе Умеров. Специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев синоќа изјави дека е постигнат напредок во преговорите за мировниот договор за Украина. Администрацијата на Трамп врши притисок врз Киев и Москва да ја завршат четиригодишната војна, но неколкуте рунди преговори сè уште не дале резултати. Русија бара повлекување на украинските сили од Доњецк, додека Украина инсистира замрзнување на судирот на сегашната линија на фронтот и одбива еднострано повлекување на армијата. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа на Телеграм објави дека по трилатералниот состанок во ОАЕ, Киев очекува во блиска иднина да има размена на затвореници. - Имаме важен чекор, очекуваме размена на затвореници во блиска иднина. Нашите заробеници мора да се вратат дома, посочи Зеленски. Тој, исто така, нагласи дека партнерите мора да обезбедат процесот да биде реален. Нашите партнери мора да бидат подготвени да обезбедат вистински безбедносни гаранции и вистински притисок врз агресорот, додаде Зеленски. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИн мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРазоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол. Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации. За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица. Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории. За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа. Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети. Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги. На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога. Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДве авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во ХрватскаДве авионски бомби, заостанати од Втората светска војна, денес биле успешно уништени во Дунав, во близина на Батина во Хрватска.Поради големата опасност, полициски пиротехничари извршија контролирана детонација на местото на пронаоѓање, додека целата област беше обезбедена со посебни безбедносни мерки, соопшти Полициската управа на Осиек-Барања. Хрватската полиција вчера, околу 10 часот, добила пријава за експлозивни направи на 1.430-тиот километар од реката Дунав. На терен веднаш биле упатени припадници на Регионалната единица за противминско дејствување од Осиек и на Службата за противминско дејствување при Полициската управа. Утврдено е дека станува збор за две авионски бомби од советско производство, опремени со соодветни оклопни детонатори. Според проценката на пиротехничарите, тоа биле експлозивни направи со голема разорна моќ. Секоја бомба тежела околу 150 килограми и содржела приближно 50 килограми експлозив. Поради специфичните детонатори, секое поместување или транспорт претставувало исклучително висок безбедносен ризик. Затоа е донесена одлука бомбите да се уништат на местото каде што биле пронајдени, се наведува во полициското соопштение. Двете бомби се уништени со контролирани експлозии во 11:52 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09