Втор ден без вода во детската клиника за белодробни заболувања „Козле“ - Канал 5

Втор ден без вода во детската клиника за белодробни заболувања „Козле“

Втор ден без вода во детската клиника за белодробни заболувања „Козле“.

Втор ден без вода во детската клиника за белодробни заболувања „Козле“

До денеска во болницата хоспитализирани се 30 деца. На утринскиот состанок на медицинскиот персонал се донела одлука децата да заминат дома и да доаѓаат во дневна болница за добивање на терапија и завршување на лекувањето. Нови болнички приеми на деца нема да се примаат се до решавање на проблемот со вода. Во болничкиот двор цистерната на претпријатието „Водовод и Канализација“ дистрибуира вода за комунални потреби, за вода за пиење помагаат и дел од компаниите за вода, објасни директорката на болницата Катерина Бошковска.

„Лабораторијата функционира само за ЦРП, односно капиларна вода, за венска крв таа лабораторија не функционира. Ако продолжи проблемот со водоснабдувањето во болницата нема да може да опслужува болнички пациенти. Пациентите амбулантски во мал обем засега може да се прегледаат и да се примаат во дневна болница“, изјави д-р Катерина Бошковска директорка на детска клиника Козле.

И од министерството за здравство информираат дека поради прекин на водоснабдувањето во Универзитетската клиника Козле изготвен е план сите пациенти да бидат примени во Клиниката за детски болести и Клиниката за инфективни болести со цел да пациентите да ја добијат потребната здравствена нега.

Од Водовод и Канализација објаснуваат дека проблемот е поради дефкет на водоводната инсталација која е во сопственост на детската болница Козле. Од претпријатието за Канал 5 објаснуваат дека се известени и надлежните во болницата и истите треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација, а исто така имаа оставено и цистерна со питка вода пред самата болница.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер