Вселенското летало на „Вирџин галактик“ полетува денеска

Вселенското летало на компанијата „Вирџин галактик“ денеска ќе полета во Вселената, а во него како патници се 80-годишен поранешен британски олимпиец, студентка од Шкотска и нејзината мајка.

Цената на билетот беше 450.000 долари. Леталото ќе достигне висина од околу 85 километри над Земјата. Анастејша Мајерс и нејзината мајка Кејша Шахар освоија билети на натпревар одржан по повод патувањето, а Џон Гудвин (80) од Њукасл, го купи својот билет во 2005 година и ќе стане второто лице со Паркинсонова болест кое ќе отиде во Вселената.

Лансирањето на „Вирџин Галактик 02“ е планирано за 16:30 часот по македонско време.

Ова, инаку, е втор комерцијален вселенски лет на компанијата - првиот беше лани во јуни кога италијанското воздухопловство и научниците спроведоа експерименти во бестежински услови во мисија од 70 минути.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер