Вселенскиот интернет наскоро ќе ја покрива целата Земја - Канал 5

Вселенскиот интернет наскоро ќе ја покрива целата Земја

Илон Маск, благодарение на компанијата Старлинк, се поблиску е до целта која ја постави пред неколку години- интернет од вселената ќе биде достапен за луѓето во руралните краишта било каде на Земјата.

Вселенскиот интернет наскоро ќе ја покрива целата Земја

Тој на својот Твитер налог, откри дека до крајот на оваа години поголем дел од нашата планета ќе биде покриен со Старлинк интернетот, а дека до 2022 нема да има место каде што неговиот сигнал не допира.

Инаку, Старлинк се состои од сателити кои се лансирани во ниската орбита, а бројот на сателити кои им ја нудат услугата „вселенски интернет“ на корисниците таму каде што нема инфраструктура за друга врска, само се зголемува.

Еден дел од граѓаните во САД веќе можат да користат Старлинк интернет, чија брзина е меѓу 50 Mbps и 150 Mbps, а латенцијата е малку поголема во однос на класичниот интернет- меѓи 20 ms и 40 ms.

Маск ветува дека до крајот на оваа година латенцијата ќе изнесува најмногу 20 ms, а дека, по одредено време, брзината на интернетот ќе оди и до 300 Mbps. Сепак, квалитетот на услугата ќе зависи од локацијата на корисникот.

Доколку се прашувате колку ова задоволство чини, и тоа е веќе познато. Еднократно се плаќа инсталирање на терминал и посебен рутер, а потоа месечната претплата изнесува 99 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола.

Вечерва, програмата продолжува.

Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден.

Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар.

Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Универзитетот во Белград падна на Шангајската листа.

Универзитетот во Белград забележа голем пад на Шангајската листа  на најдобри факултети на светот и сега се наоѓа во групата универзитети рангирани од 501. до 600. место, пренесуваат медиумите.

Универзитетот во Белград падна на Шангајската листа.

Пред само 10 години, Универзитетот во Белград се наоѓаше меѓу 201-то и 300-то место на Шангајската листа, што претставуваше историски успех.

На овогодишната листа на 10-те најдобри светски универзитети се наоѓаат и Принстон, Оксфорд, Колумбија, Универзитетот во Чикаго и Калифорнискиот институт за технологија (Caltech).

Во најновото рангирање, универзитетите од Кина постигнаа особено забележителен резултат.

Шеснаесет кинески институции сега се меѓу првите 100 во светот.

На европскиот континент, најдобро рангиран е Универзитетот Париз-Сакле (Paris-Saclay), кој се наоѓа на 13-тото место, а по него следи ETH Цирих на 19-тото место.

Што се однесува до универзитетите од регионот, Универзитетот во Љубљана оваа година исто така забележа пад и сега се наоѓа во групата од 601-то до 700-то место, додека минатата година беше во групата од 501-то до 600-то место. Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишниот пласман во групата од 601-то до 700-то место.

Универзитетот во Белград (УБ), институција со традиција долга 187 години, падна за дури 39 места на листата „Global 2000“ на Центарот за рангирање на светските универзитети (CWUR), која, покрај онаа од Шангај, претставува најважна листа за рангирање на универзитетите во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Капитенот на Тотенхем заминува во Мадрид

Капитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне  во Мадрид за 40 милиони евра .

Капитенот на Тотенхем заминува во Мадрид

Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб.

Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда.

Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони.

Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер