БалканВрвот на поплавниот бран на Дунав стигна до Хрватска Во Хрватска помина врвот на бранот поплави од Дунав. Во исто време, операциите за заштита од поплави се уште се во тек во 70 области во Унгарија.Имено, врвот на поплавниот бран на Дунав синоќа стигна до Хрватска. Водостојот на реката не се искачи на рекорд, но се очекува стагнација во следните неколку часа. Дунав и некои други реки се издигнаа во последните денови по поплавите предизвикани од циклонот Борис, кои зафатија делови од Централна и Источна Европа. Томислав Новосел од водостопанската компанија „Хрватске вода“ изјави дека врвот на поплавниот бран стигнал во Хрватска во два по полноќ. На границата меѓу Унгарија и Хрватска, во близина на Батина на далечниот исток од земјата, нивото на водата на Дунав е измерено на 708 сантиметри. Новосел изрази уверување дека нивото на водата сигурно нема да достигне осум метри и додаде дека во наредните часови се очекува стагнација, а потоа и благ пад. Врвот на поплавниот бран на Дунав порано стигна до Унгарија, а реката веќе се повлекува, соопшти денеска претставник на унгарското МВР. Иако нивото на водата се намалува, акциите за заштита од поплави се уште се во тек во 70 области во Унгарија. Предупредувањето за поплави ќе важи до сабота попладне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот МицкоскиИзвештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени. Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезонатаГрад Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола Денеска почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21. Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота. Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter