КултураВрвниот пијанист Фазил Сај ја затвора концертната сезона на ФилхармонијаСо вечерашниот концерт „Алфа и омега“ на кој ќе настапи еден од најпознатите пијанисти, турскиот и светски уметник Фазил Сај, Македонската филхармонија ќе ја затвори концертната сезона. Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија. Сај ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во c-moll,оп.37 од Лудвиг ван Бетовен, а на програмата е уште едно дело на Бетовен, неговата увертира „Егмонт“ оп.84, создадена по истоимената трагедија на Гете. Во вториот дел од концертот ќе биде изведена атрактивната Симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотивите од познатата бајка „1001 ноќ“. -Фазил Сај (1970) првите часови по пијано ги почнал кај Митхат Фенмен, кој студирал кај познатиот Алфред Корто во Париз. Чувствувајќи го талентот на неговиот ученик, Фенмен го замолил секој ден да импровизира на теми поврзани со неговиот секојдневен живот, пред да работи на зададените вежби на студиите по пијано. Токму ова, контактот со слободните креативни процеси, се смета за извор на огромниот импровизаторски талент на Фазил Сај, како и на неговиот естетски поглед и во творештвото, како композитор. Неговата извонредна техника бргу му овозможила со леснотија да ги совлада комплексните дела, од префинетоста на Бах, Хајдн и Моцарт, до виртуозната брилијантност на Лист, Мусоргски и Бетовен, што ќе му донесе победа на Меѓународниот натпревар „Young Concert Artist“ во Њујорк, во 1994 година. Оттогаш, тој настапува со сите реномирани американски и европски оркестри, со водечки диригенти, градејќи повеќеслоен репертоар, кој се движи од барок, до современите дела, вклучувајќи ги и сопствените, наведува Македонската филхармонија. Маестро Јерухам Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 различни земји, вклучувајќи ги и серијата концерти со маестро Лорин Мазел, диригирајќи со Минхенската филхармонија во Германија и со Симфонискиот оркестар на Ерусалим заедно со Баварскиот радио-оркестар на концерти посветени на градот Ерусалим. Маестро Мазел ќе го предложи маестро Шаровски да биде и дел од жирито на „Мазел интернационалниот натпревар за диригенти“ (2002). Широк е неговиот репертоар и во однос на оперските изведби, а во последните години тој гради навистина успешна кариера на полето на едукацијата, одржувајќи мастер-часови на значајни универзитети во светот. Во моментов, маестро Шаровски ја извршува и функцијата шеф-диригент и уметнички директор на Македонската филхармонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветБрутални воздушни напади во Газа, најмалкуи пет загинати (ВИДЕО)Најмалку пет лица беа убиени во израелски воздушен напад врз станбена зграда во западна Газа.Најмалку шест други се сериозно повредени, објави Ал Џезира, повикувајќи се на медицински персонал во болницата Ал-Шифа во Газа. Нападот наводно ја погодил зградата Ал-Асала во населбата Ремал рано утрово без предупредување. Ремал е една од најгусто населените станбени области во Газа, дом на илјадници раселени лица кои се засолнуваат во импровизирани кампови низ населбата. Репортер на Ал Џезира на местото на настанот изјави дека нападот се случил среде ноќ, додека жителите спиеле. „Ги слушнавме воените авиони како стануваат погласни, а потоа следеа три удари, погодувајќи го станот и убивајќи ги оние внатре“, рече тој. Нападот го пробил целниот стан и ги пробил катовите подолу, предизвикувајќи понатамошно уништување низ повеќекатната зграда. Пожарите гореле најмалку еден час пред палестинските тимови за цивилна одбрана да можат да ги изгаснат. "By God, there is no one to bury it..." A word that abbreviates an indescribable pain. After an Israeli shelling that targeted a residential building in Gaza City, a number of martyrs and wounded fell, and families remained in front of the rubble looking for their loved ones pic.twitter.com/N8q0gt3FF5 — Nahed Hajjaj (@Jolijnvr) October 3, 2026 Екипите на цивилната одбрана сè уште го пребаруваат местото за исчезнати лица и тела, рече тој, додека израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над областа, а борбени авиони може да се слушнат како летаат ниско над Газа. Болницата Ал-Шифа соопшти дека меѓу загинатите има четири жени, вклучувајќи една постара христијанка и нејзината ќерка. Шестмина од ранетите се однесени во болница на лекување.Тагови: воздушни напади Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветАларм во Британија: Двајца Иранци обвинети за заговор за тероризамБританската полиција соопшти дека двајца ирански државјани се обвинети за подготовка на терористички напад врз еврејска заедница во северна Англија пред Јом Кипур.Рахман Салехи, 35-годишен, и Салам Ахмадџан, 36-годишен, се обвинети за подготовка за извршување терористички чин или помагање на друго лице да изврши терористички чин на или пред 20 септември 2026 година, соопштија полицијата и обвинителите, објави Ројтерс. Британските детективи за борба против тероризмот изјавија дека двајцата мажи се осомничени дека биле во контакт со трето лице од странство, потенцијално во Иран, во врска со заговорот. Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот, изјави во соопштение дека станува збор за „исклучително сериозни обвинувања“. Истрагата за наводниот заговор е во тек. Извор: Б92Тагови: Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter